На висина од 30,000 мети и на минус 50 степени Целзиусови она што на земјата би личело на обична „мртва природа", не само што визуелно делува посвечено, туку и симболички претставува нешто сосема друго.
Азума Макото, на чиј сајт се вели дека е уметник-цвеќар и сопственик на елитна цвеќара во Токио, во соработка со ботаничкиот фотограф Шиноки, прави пејсажна фотографија, на која е прикажан органски живот на работ на вселената. До сега во соработка со JP Aerospace, тој има испратено и фотографирано бонсаи дрвца, орхидеи, кринови и други билки, кои во вселената пристигнуваат со балон.
Терминот со кој уметникот го означува овој жанр е „егзобиотаника", или фотографирање вонземен растителен живот, кој барем до сега не е регистриран на други планети. Затоа и букетите со разнобојни цветови се толку впечатливи кога се спротивставени на темнината на космосот.
Повеќе креативни аранжмани на Макото (вклучувајќи и столица од трева) тука