Пакистанските власти соопштија дека ја уапсиле Гула, девојката која светот ја познава од насловната страница на Национална географија од 1985 година по што стана едно од најпрепознатливите лица на светов.
Таа денес има маж и три деца а уапсена во Пешавар под сомневање дека се користи со - лажна лична карта.
Ѝ се заканува казна до 14 години затвор.
А фотографирана беше од славниот фотограф Стив МекКари, во бегалски камп, на нејзини 12 години. Фотографот подоцна призна дека конечната верзија на нејзината фотографија е прилично фотошопирана, што предизвика дебата на тема дали и колку треба да се манипулираат документаристичките фотографии.