На оваа Авганистанка фотошопот два пати ѝ се замеша во животот, во обата случаи на судбински начин: после првиот пат стана глобално славна, после вториот пат ќе биде локално затворена.
Во зделка од 725 милиони долари Фокс доби контролен пакет во телевизијата, магазинот и ТВ студиото на Национална географија. Сепак, ова беше само последниот чин во неколку годишната драма што и се случува на Национална Географија.
Руперт Мурдок почна да го устројува тазе купеното милениче Национална географија по урнекот на својата империја Фокс. Отпушти сериозна бројка луѓе меѓу кои и оние кои на Фокс никогаш не му биле особено важни, проверувачите на факти.
Организација која им дели грандови на научници, само што стана нова сопственост на милијардер кој го отфрла постоењето на климатски промени. Мурдок ја купи Национална Географија.
Откако Русија реши дека Крим е нивни, картографите од друштвото Национална географија треба да видат како да го претстават регионот, притоа да се фактографски точни ама и да не направат некој поголем меѓународен инцидент.