Љубителите на култното списание за популарна наука отворено страхуваа за иднината на магазинот кога во септември Руперт Мурдок го купи управувачкиот пакет акции на Национална географија.
Страхувањата се покажаа како основани. Новото раководство реши да отпушти 200 вработени, односно 9 проценти од целокупниот екипаж. Ова е најмасовниот отказ кој вработените во публикацијата го имале во нејзиното 127 годишно постоење.
Отказите закачиле луѓе во сите департменти на Национална географија, и во печатеното издание и во телевизискиот канал. Отпуштени има и меѓу оние кои особено придонесуваа за угледот на овој медиум, луѓето кои работат на проверување на фактите пред тие да бидат објавени.
Особено брутален е начинот на кој масовниот отказ бил изведен. Новиот ЦЕО на Национална географија по меил ладно ги замолил вработените утредента да бидат на работа или пак неколкупати да го проверат своето меил сандаче заради важни информации околу нивната деловна судбина.
Но, отпуштените можеби се оние посреќните меѓу вработените. Вашингтон пост пренесува дека новата управа планира да ги замрзне пензиските планови за сегашните вработени, да го елиминира здравственото осигурување за идните пензионери и да го укине постоечкиот систем за бонуси и во иднина сите да добиваат процентуално подеднаква награда.