Таг: фокс њуз

Фокс њуз се пушти по Такер

Беа доволни само 115 милиони прегледи на првата епизода од шоуто на Карлсон на Твитер и тотално бришење патос со рејтинзите на која било програма на Фокс њуз, за на телевизиската мрежа да и се отворат чакрите за тужење и судски рочишта по основа дека Такер го прекршил договорот со нив.

Такер Карлсон се сели на Твитер

Две недели откако изненадно беше избркан од Фокс њуз, Такер Карлсон објави дека се враќа во програма и тоа исклучиво на Твитер. Во исто време, Маск објави дека немаат направено никаков ексклузивен договор со Карлсон и дека тој може да ја користи платформата како сите останати.

Ваквото новинарство го оштетува мозокот

Ударната плавуша на Фокс, Мегин Кели, заради која Доналд Трамп одби да учествува во една од републиканските дебати, чувствува замор и вели дека она што го работи предизвикувања оштетувања на мозокот. Па ќе бара 20 милиони за да ја издржи таа неиздржливост.

Доналд Трамп против Фокс њуз

Ноќеска во Ајова, Фокс Њуз организираше уште една дебата за републиканските претседателски кандидати. Модератор на кампањата беше водителката на Фокс Њуз, Меган Кели. Нејзиното непојаување беше главен предуслов на Трамп за тој да се појави на дебата. Меган Кели беше модератор, Трамп беше дома.

Кого лаже Обама дека плаче од жал?

Обама само направи "лош политички театар" е коментарот на една од водителките на Фокс Њуз, откако американскиот претседател се расплака при говорот за воведување на поголема контрола на оружје. И тоа не е сè.

Мурдок ја претвора Национална географија во Фокс њуз

Руперт Мурдок почна да го устројува тазе купеното милениче Национална географија по урнекот на својата империја Фокс. Отпушти сериозна бројка луѓе меѓу кои и оние кои на Фокс никогаш не му биле особено важни, проверувачите на факти.

Аман, не ги бранете

На примерот на влијателниот и популарен Фокс њуз, во врска со темата: како партизираните и навивачки медиуми не само што ја прават својата публика поглупа (тоа на наши примери го гледаме по Фејсбуци и Твитери) туку им прават штета и на партиите и каузите кои без усул ги бранат.

Психологијата зад вестите на Фокс

Џонатан Филипс од Универзитетот Јеил и Ерик Манделбум од Универзитетот Харвад разговараат за психологијата што Фокс ја користи за спречување на критичкото размислување.

На Фокс им се уби човек во живо

И покрај сите механизми за претпазливост што ги има на располагање, телевизијата Фокс комплетно неочекувано директно го пренесе самоубиството на еден неименуван маж.