На американскиот претседател му надојдоа солзи во моментот кога зборуваше за масакрот во Сенди Хук од 2012-та, во кој беа убиени 20 деца.
Анализирајќи го говорот на Обама, една од водителките на Фокс Њуз порача дека изливот на емоции на лидерот на нацијата "не бил уверлив" и дека треба да се провери на подиумот да не има останато кромид што го расплакал Обама, "стварно не е уверливо... сепак е сезона на доделување награди." На ова се надополнува другата водителка, со изјавата дека ова било "лош политичи театар."
Овој пат проблемот на Фокс Њуз со Обама е неговата најава за построги правила околу огненото оружје за цивили (да не може да се продава преку интернет и на саеми) што е еден од главните столбови во републиканската перцепција за тоа што е носител на американскиот бренд на слобода и човекови права.
Ова со кромидот е само надополнување на досегашното портфолио на Фокс Њуз, кои до сега го прогласија Обама за "пичка" затоа што се плашел да се бори против ИСИС, како и тоа дека "Обама кур го боли" за ИСИС. Сите овие забелешки се дадени во живо во програма.