Познавачи велат дека Мегин Кели го условува своето останување во првите борбени редови на Фокс со договор од 20 милиони долари, 5 милиони повеќе отколку што добива долгогодишниот шампион на телевизиските рејтинзи Бил О Рајли.
"Овде минав 12 прекрасни години и навистина си ја сакам емисијата... Но, знаете, мозокот многу трпи од ова што го работам. Повеќе отколку кога работев во пладневни емисии. Бев помалку позната. Имав помалку конфликти во животот," се пожали Кели за Варајети.
Се претпоставува дека ако не го добие од Фокс тоа што го бара, Кели најверојатно ќе замине во ABC и нивната емисија "Good Morning America".
По првичниот бојкот на Доналд Трамп и безбројните отровни стрели кои меѓусебе си ги упатија, Мегин Кели на свое барање била да се види со Трамп но тврди дека ако остане на Фокс, не планира да се смири.
Непријателството меѓу овие двајца станува едно од највпечатливите војни во историјата на американските медиуми.