Во видео обраќањето, Такер порачал дека се враќа со „нова верзија“ на своето шоу.
„Твитер долго време служи како место каде се инкубира и развива националниот разговор.
Твитер не е партиска страна, тука на сите им е дозволен пристап и мислам дека тоа е добра работа,“ изјави поранешниот водител на Фокс њуз.
We’re back. pic.twitter.com/sG5t9gr60O
— Tucker Carlson (@TuckerCarlson) May 9, 2023
53-годишниот Такер беше најпопуларниот водител на Фокс, со просек од 3 милиони гледачи на вечер, а како што проценува Би-би-си и изразито влијателен водител чија програма „ја поставува агендата за конзервативците, а преку нив и за Републиканската партија.“
Отпуштањето на Такер од Фокс њуз следуваше кратко откако телевизијата плати 787 милиони долари отштета за клевета на компанијата за производство на машини за гласање, Доминион.
Вол стрит журнал, кој го има истиот газда како и Фокс њуз, Руперт Мердок, минатиот месец објави дека договорот на Такер бил 20 милиони долари годишно. Договорот на Карлсон со Фокс њуз завршуваше во јануари 2025, по следните претседателски избори во САД.
По објавата на Такер, Илон Маск напиша дека немаат потпишано никаков договор со Карлсон и дека тој сите свои приходи ќе ги генерира исто како и другите креатори на платформата од рекламирање.