Таг: такер карлсон

Човекот што треба да депортира милиони, седна на муабет кај Такер

Том Хоман ќе биде задолжен за американската граница и за депортирање на милиони мигранти што изминативе години влегоа во САД. И изгледа, а и звучи, како едвај да чека да почне.

Службите си работат

Такер Карлсон објаснува како не е важно кој е на власт во Америка и колку се излишни сите оние комитети и комисии за контрола на американскиот разузнавачки апаратус. Службите си работат.

После интервјуто

По завршувањето на разговорот со рускиот претседател, а пред истиот да биде обработен за објавување, Такер од својот апартман во хотелот во Москва ги дава своите првични размислувања околу интервјуто со Путин.

Интервјуто на Путин

Како што најави, во 18 часот по американско источно време Такер го објави интервјуто со рускиот претседател снимано само два дена претходно во Москва. Интервјуто трае околу 2 часа, и до сега само на Твитер погледнато е 65 милиони пати. Премиерата на интервјуто беше на ТЦН мрежата на Такер.

Ќе има ли интервју?

Деновиве се појави слика од Такер Карлсон како седи во театар и гледа претстава околу која се вознемири комплетната американска медиумска фела. Причина за паниката е што театарот е Бољшој, сред Москва, а Такер веќе се товари за предавство затоа што како новинар можно е да разговара со Путин.

Такер ќе отвора сопствена стриминг платформа

Човекот веќе со месеци го растура Фокс (и другите меинстрим мрежи) со гледаност и тоа од својата сметка на Икс (Твитер). Откако малку му пројде стравот од работење без Фокс да му чува грб, сега Карлсон најави дека влегува во нова фаза и отвора видео стриминг платформа. Ќе се вика ТЦН (Tucker Carlson Network) и ќе се наплаќа по 9 долари месечно.

Алекс Џоунс дочека да стигне кај Такер и да се изназбори за Бајден

Со истата енергија што ја има кога збори за геј жаби, Џоунс, на радост на Такер, раскажува и за Бајден и дојавите што ги има од Белата куќа за однесувањето на претседателот.

Фокс њуз се пушти по Такер

Беа доволни само 115 милиони прегледи на првата епизода од шоуто на Карлсон на Твитер и тотално бришење патос со рејтинзите на која било програма на Фокс њуз, за на телевизиската мрежа да и се отворат чакрите за тужење и судски рочишта по основа дека Такер го прекршил договорот со нив.

Такер Карлсон се сели на Твитер

Две недели откако изненадно беше избркан од Фокс њуз, Такер Карлсон објави дека се враќа во програма и тоа исклучиво на Твитер. Во исто време, Маск објави дека немаат направено никаков ексклузивен договор со Карлсон и дека тој може да ја користи платформата како сите останати.

Видео касети, лаги и 6-ти јануари

Такер Карлсон и Фокс њуз добија над 40.000 часови снимки од упадот во Капитол хил од 6-ти јануари, а таму приказната излезе многу поинаква од она што се вергла последниве две години.

На Такер Карлсон му дојде да го брани Бајден од Си-ен-ен

Перјаникот на Фокс њуз јавно признава дека му е сомнително и ни најмалку јасно зашто периодов Си-ен-ен решава толку остро да оди против истиот Бајден што тие го донесоа на власт, иако до сега многу поголеми гревови му беа простувани.