Си-ен-ен е една од ретките западни телевизиски мрежи која уште пред падот на Кабул, и сето ова време, има своја екипа во Авганистан за да го проследи распадот на целиот систем, додека централата во САД беше преплавена од експерти, анализи и прилози за тоа колку САД, односно Бајден, страшно го згрешиле целото повлекување.
Исчудувањето на Такер е и затоа што сите овие 8 месеци по промената на власт во САД, Трамп и понатаму беше главна тема на Си-ен-ен. Меѓутоа и затоа што на Бајден ова не му е прва поголема грешка во овие неколку месеци владеење со САД.
Според Такер, луѓето кои работат во Си-ен-ен не одлучуваат сами за што ќе зборуваат, туку напротив „тие го кажуваат точно тоа што им е кажано“ од менаџментот, конкретно од ЦЕО-то на Ен-би-си Универзал, Џеф Закер.
Сомнежот на Такер е дека „во позадина нешто друго се случува“.