Разговорот почнува со речиси 30 минутен вовед на Путин во руска и украинска историја, и како Украина како територија отсекогаш била руска, но прифаќа дека на таа територија живее народ кој смета дека треба да има посебна држава.
Меѓу хајлајтсот од интервјуто е:
- Имавме мировен договор со Украина уште во 2022, ама Борис Џонсон, по наговарање на Вашингтон, ги убеди Украинците да се откажат и да продолжат со војна.
- Со овој договор Путин ги оправдува и поразите од 2022, објаснувајќи дека како дел од тој договор почнале самите да се повлекуваат од Киев и позициите од почетокот на војната.
- Русија е за преговори, ама Украина и Зеленски законски го спречиле тоа. Ќе треба прво да го решат тоа дома, па после се можни преговори.
- 1991 Западот вети дека НАТО нема да се шири. Не го испочитуваа тоа. На 5 пати се ширеа сè повеќе на исток.
- Им предложил на Американците да изградат заеднички, глобален, систем за одбрана од ракети со голем домет, го одбиле.
- Во 2000-та му предложил на Клинтон и Русија да влезе во НАТО. Дента се согласил, утредента американскиот претседател му рекол дека тоа е неизводливо.
- Америка на своја штета го користи доларот како оружје, и сега гледа како неговата сила слабее.
- Денацификација ќе биде завршена кога Украина со закон ќе го забрани славењето на Бандера и слични спорни ликови од Втората светска војна.
- Русија кога се повикува на меѓународното право и Повелбата на ОН за време на НАТО бомбардирањето на Србија, „сите збореа дека тоа е застарено, сега сите го бараат.“
- Америка го уништи Северен тек 2.
- Не е јасно зошто Германија упорно ја остава својата економија да страда од високите цени на гасот, кога во секое време може да побара да и биде испорачан руски гас. Има една активна цевка од Северен тек, гасоводот Јамал кој минува низ Полска е сосема употреблив, а низ Украина минуваат две линии кои исто така може да се искористат.
Во интервјуто меѓу другото, не се разговара ништо за Пригожин, обемот на руски жртви и загуби во војната или наводните руски воени злосторства во Украина.