На Фокс им се уби човек во живо

И покрај сите механизми за претпазливост што ги има на располагање, телевизијата Фокс комплетно неочекувано директно го пренесе самоубиството на еден неименуван маж.

Целата работа се случила за време на директниот пренос на една полициски потера. Додека водителот ја коментирал целата потера, осомничениот излегол од автомобилот, истрчал неколку метри, застанал и си пукал во глава.

Снимката од самоубиството била пренесена во живо и покрај тоа што телевизијата има систем кој целиот пренос го пушта со 5 секунди задоцнување за да може да се реагира во вонредни моменти, како што е овој случај.

Во официјалната изјава на извршниот потпретседател на Фокс Њуз, се порачува дека "пропустот се должи на сериозна човечка грешка."

видео од самоубиството


видео од извинувањето

29 септември 2012 - 16:31