Друштвото е единственото невладино тело за изработка на мапи во светот. И покрај шпекулациите тие се уште немаат донесено решение за промена на светската мапа.
"Чекаме да ги видиме резултатите од петочното гласање во рускиот парламент. Ако и формално го анектираат, нашата политика пропишува дека треба таа област да ја обоиме во сиво, што означува дека станува збор за оспорена територија," изјавил Хаун Валдес од Национална географија.
Паралелно со бојата ќе биде додаден и текст кој ќе објасни дека станува збор за спорна територија. Исто решение беше искористено и за означувањето на Апхазија, Газа и Западниот брег, Јужна Осетија и други.
"Картографската политика на друштвото Национална географија е да ја претстави реалноста според нашите најдобри можности. Најголемиот дел од политичките граници прикажани во нашите мапи и атласи се стабилни и неоспорени...
... Во случајот со Крим, ако тој е формално анектиран од Русија, тој ќе биде обележан со сиво, а неговиот административен центар Симферопол, ќе биде обележан со посебен симбол. Кога некој регион е спорен наша политика е тој статус да го покажеме во мапите. Ова не значи признавање на легитимноста на ситуацијата," стои во соопштението од Национална географија.
Политиката на Национална географија е дека иако мапите "се стремат да бидат аполитички," Друштвото "се труди да го претстави светот од дефакто гледна точка, односно да го претстави според нашата најдобра проценка на сегашната реалност."