Во Англија не се стишува војната со расизмот. Членовите на движењето #BlackLivesMatters протестираат против системскиот расизам, а во Лондон и по цела земја има нереди.
Во последните неколку дена настрадаа споменици и статуи на историски, политички личности кои се поврзуваат со робовладетелство, расизам и империјалистичка политика.
Во Лондон така беше вандализиран споменикот на Винстон Черчил, кенотафот на жртвите од Светските војни, па дури и статуите на Нелсон Мандела и Махатма Ганди.
„Ова е народна буна по цел свет. Треба да се тргнат спомениците на тие кои се залагале за робовладетелство. Не викам дека статуите треба да се урнат, но имаме за нив одлични музеи, нека ги стават таму“, вели еден од членовите на BLM.
Еве како изгледаат споменикот на Черчил и кенотафот во центарот на Лондон, откако еднаш беа ишкртани со спрејови:
Во саботата во Лондон се собраа членови на здружението BlackLivesMatters но се собраа и десничари, радикални националисти и членови на навивачки здруженија од Англија.
Први кои се појавиле во заштита на спомениците биле моторџиите и воените ветерани. Во Бристол, пред кенотафот на жртвите на Светските војни се собрале околу 400 луѓе да го штитат меморијалот на нивните претци.
„Дојдовме тука за да ги заштитиме статуите кои ги рушат и валкаат. Полицијата никако не ги штити. Ние не се собравме да се тепаме и не сме против BlackLivesMatters, просто не сакаме никакво уривање на споменици“, рекол еден од демонстрантите пред споменикот на Черчил.
Но она што се најавуваше скоро цела недела, за жал и се случи. Прво активистите од десничарските групи се судриле со полицијата пред споменикот на Черчил, а после отишле и до плоштадот Трафалгар каде веќе традиционално неколку недели се збираат борците против расизам и анти-фа групите. Таму десничарите не ги пуштила полицијата и почнале нови тепачки:
Far-right activists punching cops in Westminster. Isn’t this the kind of disorder they said was the reason they wanted to stop BLM? pic.twitter.com/OscQdacxtd
— Ash Sarkar (@AyoCaesar) June 13, 2020
Bottles, cans and smoke bombs thrown in the last half hour at police and their horses in Parliament Square by football firms/far-right protesters. Anyone who is thought to be media is also being threatened. pic.twitter.com/m0nv91uAsO
— Dominic Casciani (@BBCDomC) June 13, 2020
Еден од оние кои биле „за заштита“ на меморијалите го фотографирале како уринира пред меморијалот на офицерот Кит Палмер - полицаец кој бил убиен за време на нападите пред англискиот Парламент во 2017 година.
Но за време на нередите имаше и некои животно инспиративни моменти, како на пример оној кога припадник на BLM меѓу толпата носи еден претепан припадник на десничарските групи кои наводно дошол да ги штити спомениците:
Во нередите во Лондон, шест полицајци биле повредени а упасени се повеќе од 100 демонстранти од двете страни. Брзата помош соопштила дека примила 15 повредени лица (шест од нив биле донесени од други лица во болниците).
Протестите во Бристол и Болтон поминале мирно без сериозни нереди.
„Јас гледам исто срање секое лето на фудбалските турнири веќе повеќе од 30 години. Глупаво е што ова асоцира со фудбал. Дури и кога нема фудбал врските остануваат. Овие луѓе не се фудбалски навивачи. Тие го уништуваат фудбалот пред љубителите на овој спорт“, напиша легендарниот Гари Линекер на твитер.
Англиските медиуми велат дека во заштита на спомениците наводно дошла и про-фашистичката организација English Defence League и навивачкото здружение The Democratic Football Lads Alliance. Ова движење излегло претходно од Football Lads Alliance, група навивачи кои се собирале по терористичките напади во Манчестер и Лондон во 2017-та година.
Англиските медиуми пишуваа дека во маршот на DFLA имало наводно и арапи иако ова здружение важи за анти-исламистичко и десничарско, а имало и банери со натпис „Против расизмот и секоја друга дискриминација“.
Тотенхем соопшти дека на овие маршови нема нивни навивачи и дека клубот жестоко се бори против расизмот и дискриминација од каков и да е вид. Ова доаѓа затоа што основачот на навивачката алијанса бил извесен Џон навивач на Тотенхем Хотспур.
Од друга страна протестите на BlackLivesMatters се едни од најважните теми и во англискиот спорт. Поддршка на овие протести им дадоа Ливерпул и Челси чии играчи на тренинзите седнаа на колена во знак на поддршка и солидарност со сите жртви на расистичко насилство.
Во првото коло од Премиер лигата наместо презмиња на дресвоите, играчите ќе носат натпис BlackLivesMatter. Премиер лигата соопшти дека ги поддржува сите играчи кои пред натпреварите ќе клекнат на колено. Англиската лига забранува политички гестови но овојпат решија дека место за расизмот нема.