Зошто УЕФА на Истанбул му го одзема домаќинството на финале на Лига шампиони

После неколку месечна неодлучност, УЕФА конечно објави официјално каде ќе се одигра големото финале на Лига на шампиони за сезоната 2020/2021. Местото и локацијата се одлични, а ќе има и публика.

Истанбул, градот во кој еднаш се одигра најневеројатното финале на ЛШ, веќе втора година по ред извиси за ново домаќинство на најважниот меч во европскиот клупски фудбал.

Манчестер Сити и Челси ќе играат на стадионот „Драгао“ во Порто а двата клуба ќе добијат по 6.000 карти за своите навивачи.

ЗОШТО ФИНАЛЕТО БЕШЕ ПРЕФРЛЕНО ОД ТУРЦИЈА?

Првично главниот дуел за пехар во елитниот турнир требаше да го организира Истанбул кој го доби домаќинството. Но веднаш откако два англиски клуба славеа во полуфиналните средби и закажаа големо се-англиско финале, управите на Манчестер Сити и Челси почнале преговори за префрлање на дуелот на друго место (втора година по ред Истанбул извисува) поради глобалната пандемија.

Целата работа е во тоа што на 12 мај Велика Британија ја стави Турција на црвената листа на земји со неповолна епидемиолошка ситуација. Поради ова Челси и Сити немаше да може да патуваат во Истанбул. Покрај тоа што Владата на Велика Британија не дозволува патување во земјите кои ги ставила на црвена листа, туку и секој оној кој би отпатувал во тие држави, по враќањето на Островот би требал да седи 11 дена во карантин во хотел за што сам би ги сносел трошоците од 1.750 фунти.

ЗОШТО ТОГАШ УЕФА НЕ ГО ПРЕМЕСТИ ФИНАЛЕТО ВО АНГЛИЈА?

Варијантата со „Вембли“ домаќин на финалето беше најверојатна но и тука имало проблеми со барањата од британските власти.

УЕФА барала да биде на некој начин исклучена од правилникот за карантин за странци зошто на финалето би дошле и многу гости (спонзори, ВИП гости, персоналот на УЕФА итн).

The Athletic пиша дека УЕФА исто барала и зголемен број на гледачи за финалето ама владата на Велика Британија по долго размислување не одобрила.

ЗОШТО ПАК ПОРТУГАЛИЈА?

За разлика од Турција, Португалија се наоѓа на зелена листа на британските власти - за патување во земјите од овој список потребни се само 2 теста на коронавирус (пред поаѓање и пред влез).

Околу домаќинството на Португалија на минатогодишниот блиц-турнир на Лига на шампиони организиран како Топ8, европската јавност имаше само пофалби. Тогаш натпреварите се играа на два лисабонски стадиони, а „Драгао“ на Порто беше резервен.

Ова ќе биде дури трето финале на ЛШ во Португалија во последните 7 години. Од 2010-та ниту една земја не била домаќин на финале на ЛШ така често.

ФИНАЛЕТО СЛЕДНАТА ГОДИНА Е ЗАКАЖАНО ЗА САНКТ ПЕТЕРБУРГ, А ЗА ИСТАНБУЛ ЌЕ СЕ НАЈДЕ НЕКОЈ ДРУГ ГОЛЕМ НАСТАН

Главниот град на Турција втора година извисува со финале на Лига на шампиони. Минатата година поради глобалната пандемија беше преместено за оваа година, а сега исто како што соопшти УЕФА, „не се стекнале услови“.

„УЕФА е многу благодарна за долгата и успешна соработка со колегите од турска страна кои ни излегоа во пресрет во тешка ситуација. Ќе најдеме решение за Истанбул во најскора иднина“, соопшти УЕФА.

Лондон исто нема за што да жали зошто „Вембли“ годинава беше домаќин на плејофот на Чемпионшип, финалето на ФА Куп и дури 8 меча од Европското 2020.

Исто така и финалето на ЛШ 2024 ќе се игра на „Вембли“.

14 мај 2021 - 10:31