Во друг случај Бајден целосно меша една своја нова политика која претставува закана за некои од најголемите американски енергетски проекти со студија. Додека кога преговара со републиканците за кревање на границата за задолжување на САД неговото држење и владеење со деталите се менуваат од ден на ден.
Наспроти овие сведоштва на луѓе кои директно соработувале со американскиот претседател, демократите кои работеле со Бајден и кога бил млад објаснуваат дека тој е човек кој и тогаш има свои добри и лоши моменти.
„Во голем дел од неговата кариера, Бајден ужива репутација на Капитол хил како мајстор преговарач на законодавни зделки, познат по своето детално познавање на темите и увид во мотивациите и потребите на другата страна.
Во текот на минатата година, со Претставничкиот дом под контрола на републиканците, таа репутација ја снема,“ пишува Вол стрит журнал.
Додека Белата куќа ги отфрла тврдењата објавени во ВСЖ, од весникот објаснуваат дека текстот се базира на разговори со повеќе од 45 луѓе во период од неколку месеци.
„Интервјуата се и со републиканци и со демократи кои или директно учествувале на состаноците со Бајден или биле директно известени за нив, вклучително и функционери на актуелната администрација и други демократи кои не нашле грешки во начинот на кој претседателот ги води состаноците. Најголем дел од оние кои изјавиле дека Бајден лошо се покажал биле републиканци, но и некои демократи изјавиле во неколку од овие размени дека почнале да му се забележуваат годините на Бајден,“ пишува весникот.
Карактеристично за Бајден е што Американците изминатиов период имаат минимален број шанси да го видат него во нескриптирна средина. Од крајот на април тој има дадено помалку интервјуа и одржано помалку прес-конференции отколку кој било негов претходник. Како што му изминува мандатот Бајден одржува и се помалку мали состаноци со законодавци, а ако во првата година од мандатот тој има повеќе од 35 состаноци на кои присуствуваат до 20 законодавци во Белата куќа. Во третата, бројот паѓа на околу една дузина.