За помалку од четири години, или точно 1.326 денови како е на власт, Бајден земал 532 денови одмор.
Споредбата што ја прави Њујорк пост покажува дека на просечен Американец, кој има 11 денови годишно одмор, му требаат отприлика 48 години за да одмори колку Бајден во 4 години.
Само во последниве 30 денови Бајден има низа од 16 дена на одмор.
Освен што е стар и уморен, едно од објаснувањата е дека Бајден одмара под казна за да го има што е можно помалку во јавност откако повеќе од месец дена остро им пркосеше на највисоките функционери на Демократската партија (Пелоси и компанија) и одбиваше да се откаже од претседателската трка.
Бајден со одморањето успеа да го надмине и Трамп кој 26% од својот мандат, или 381 ден, не беше во канцеларија.
Наспроти овие двајца, Реган и Обама одмораа само 11% од својот мандат, а Џими Картер земал 79 дена одмор, што е 5% од мандатот.