На анкета спроведена од Дејли меил, 70% од испитаниците биле за тестовите, 18% сметаат дека тие се непотребни, додека 12% не се сигурни дали претседателските кандидати треба да се проверуваат пред дебатите.
Идејата за допинг тестови пред дебатите прв ја предложи Трамп, кој претходно, без докази, тврдеше дека Бајден бил „под влијание на нешто“ за време на говорот за Состојбата на нацијата во март годинава.
Уште за време на кампањата пред првиот мандат, сомнежите беа дека Бајден, инаку најстариот претседател во историјата на САД, е на некои сериозни лекарства кои го помагаат и физички и психички.
Доколку Трамп дојде на власт во ноември, тој ќе биде на иста возраст како Бајден кога го почна својот прв мандат.