Таг: хантер бајден

Бајден потпиша помилување за син му

На неколку недели пред крајот на мандатот, американскиот претседател Џо Бајден потпиша сеопфатно помилување за син му Хантер Бајден. До сега Бајден држеше на ставот дека нема никако да се меша во правните проблеми на Хантер.

На Хантер Бајден нема кој да му ги плати адвокатите

Само еден месец од почетокот на неговото прво судење, Хантер Бајден е на пат да изгуби еден од главните финансиери на својата одбрана затоа што и нему му снемало пари.

Ескорти, порно и банкомати

Хантер Бајден наводно потрошил над 870.000 долари на проституки и порно, а извадил најмалку 1,6 милиони долари од банкомати, покажуваат документите што ги поднесе американското обвинителство во тужбата за избегнување данок против синот на американскиот претседател.

Бајден бил на спикерфон за време на бизнис разговорите на Хантер

Некои си 20-на пати Хантер го ставил Џо Бајден на спикерфон за време на своите разговори со бизнис партнерите, се тврди во сведочењето пред американскиот Конгрес, според кое американскиот претседател не разговарал ништо околу бизнисот.

Судијка одби да ја потпише спогодбата за Хантер Бајден да не лежи затвор

Она што требаше да биде само процедурално поминување преку договорот што го имаат постигнато американското обвинителство и одбраната на синот на американскиот претседател, се претвори во отфрлање на тоа што е договорено и повторно отворање на преговорите.

Блинкен е човекот зад хајката за дискредитирање на веста за лаптопот на Хантер Бајден?

Државниот секретар на САД помогнал во организирање на план за дискредитирање на сторијата за лаптопот на Хантер Бајден како руска кампања за дезинформирање, по која основа истата сторија беше цензурирана на социјалните мрежи и бојкотирана од меинстрим медиумите.

По две години игнорирање, Си-би-ес ја потврди сторијата за лаптопот на Хантер Бајден

Американската новинска мрежа деновиве објави дека ја потврдува автентичноста на податоците од лаптопот на Хантер Бајден, 769 дена откако Њујорк пост ја објави веста.

Кој работел на отворање био-лаборатории во Украина a се презива Бајден?

Руската влада на прес-конференција тврдеше дека Хантер Бајден помогнал да се финансира американска програма за истражување „биолошки оружја“ во Украина. И ова беше очигледен дрзок обид на руска пропаганда против САД и Украина, се додека Дејли меил не го објави истото.

Најголемата дезинформација од претседателските избори во САД излезе точна

Ај што Њујорк пост беше на чекор од линчување и комплетно да го снема, туку и во одлука без преседан најголемите социјални мрежи еднострано решија дека ќе блокираат содржина на еден од најголемите американски медиуми заради една единствена вест. Сега Њујорк тајмс го потврди постоењето на лаптопот на Хантер Бајден.

Бајден против Бајден

Колку што Џо Бајден има кажано и направено против дилерите на крак, излезе дека син му Хантер толку има направено за дилерите на крак. Некому му текнало да ги спои овие две достигнувања.

Цензурираниот текст за Бајден заради кој Глен Гринвaлд даде отказ во Интерсепт

Глен Гринвaлд е новинарот кој во 2013 за Гардијан објавува дел од тајните документи што ги добива лично од Едвард Сноуден. Тој подоцна си заминува од Гардијан и го ко-основа левичарскиот Интерсепт. Гринвaлд објави дека поднел отказ во Интерсепт откако тамошното уредништво одбило да му објави текст кој бил негативен за Бајден.

Фејсбук и Твитер цензурираа текст на Њујорк Пост против Бајден

Њујорк Пост објавува сторија за Џо Бајден дека во 2015 (додека се уште беше потпретседател) се сретнал со сопственикот на украинската нафтена компанија за која работи син му, а неколку месеци подоцна извршил притисок врз украинските власти да го отпуштат обвинителот кој започнал истрага околу компанијата. Според Фејсбук и Твитер оваа вест не е според нивни стандарди и не дозволуваат објавување на линк до веста.