Во 2019 Бајден изјави дека никогаш не разговарал со својот син или кој било во семејството „било што во врска со нивните бизниси“. Комитетот за надзор на Претставничкиот дом истражува дали Бајден бил несоодветно вклучен во зделките на син му.
Сведок пред Комитетот е Девон Арчер, поранешен бизнис соработник на Хантер, кој повеќе од 5 часа одговарал на прашања околу бизнис интересите на Хантер вон САД, вклучително и во Украина.
Хантер и Арчер заедно беа членови на бордот на украинската енергетска компанија Бурисма во 2014, во исто време кога Џо го тераше својот втор мандат како потпретседател на САД.
За демократите сведочењето на Арчер потврдува дека Џо никогаш не се вклучил во разговорите и дека Хантер само сакал да создаде впечаток дека и татко му е дел од бизнисот. За републиканците пак Девон потврдил дека Џо го лажел американскиот народ кога изјавил дека нема поим за бизнисите на син му.