Ескорти, порно и банкомати

Хантер Бајден наводно потрошил над 870.000 долари на проституки и порно, а извадил најмалку 1,6 милиони долари од банкомати, покажуваат документите што ги поднесе американското обвинителство во тужбата за избегнување данок против синот на американскиот претседател.

Хантер е обвинет дека во периодот од 2016 и 2019 избегнал плаќање на 1,4 милиони долари данок, за што може да добие 17 години затвор. Во тужбата се тврди дека Хантер ги трошел парите на најразлични трошоци како дрога, ескорти, луксузно сместување, автомобили, облека и друго, додека во исто време ги игнорирал своите даночни обврски.

Ова се случува во исто време додека тој се бори со „документирана“ зависност од алкохол и крак, што довело до повеќекратни посети на центри за рехабилитација.

Ова е второ обвинение против Хантер годинава, и опфаќа избегнување на даночна проверка, непополнување даночни документи и неплаќање данок, и поднесување лажна даночна пријава. Во септември Хантер беше обвинет во Делавер исто по три основи но за купување пиштол во 2018.

„Обвинението вклучува многу подетален опис на активностите на Бајден и преплетени бизниси отколку што властите до сега имаа објавено.

Земено како целост, обвинението отсликува осудувачки портрет на лична неодговорност од човек кој го користи своето презиме за да го финансира своите пороци додека свесно ги игнорира сопствените даночни должности,“ пишува Њујорк тајмс.

Дел од обвинението:

10 декември 2023 - 12:24