Кој работел на отворање био-лаборатории во Украина a се презива Бајден?

Руската влада на прес-конференција тврдеше дека Хантер Бајден помогнал да се финансира американска програма за истражување „биолошки оружја“ во Украина. И ова беше очигледен дрзок обид на руска пропаганда против САД и Украина, се додека Дејли меил не го објави истото.

Британски Дејли меил е еден од западните медиуми кои имаат пристап до фамозниот лаптоп на Хантер Бајден и најразличната содржина на него, меѓу која се и бизнис мејлови на синот на американскиот претседател.

Меѓу оваа кореспонденција Дејли меил открива мејлови кои покажуваат дека Хантер Бајден помогнал да се осигурат милиони долари финансирање за Метабиота, калифорниска компанија подизведувач за Пентагон специјализирана за истражување на болести што предизвикуваат пандемија кои би можеле да се користат како биолошко оружје.

Тој исто така ги запознал луѓето од Метабиота со Буризма (украинската енергетска компанија каде што имаше улога во бордот и надомест од 50.000 долари месечно) со кои разговарале за „научен проект“ кој вклучувал лабораторија во Украина со високо ниво на безбедност.

„Иако се работи за медицинска компанија, потпретседателот на Метабиота во меил до Хантер од 2014 отпишал ако би можеле да ја ’афирмираат културната и економска независност на Украина од Русија’ - што е невообичаена цел за био-технолошка компанија,“ пишува Џош Босвел во текстот за Дејли меил.

Мејловите што ги прегледува Дејли Меил, покажуваат дека Хантер имал водечка улога во гарантирање дека на Метабиота ќе и биде дозволено да спроведува испитувања на патогени на неколку стотици километри од руската граница.

„Проектот се претвори во национален безбедносен проблем за Украина кога руските сили извршија инвазија на земјата минатиот месец,“ пишува Босвел.

Во Украина Метабиота работи за Блек енд Вич, исто така подизведувач на американската армија со длабоки врски со разузнавачите агенции, кој помогнал да се изградат безбедни лаборатории во Украина за анализирање на смртоносни болести и биолошко оружје. На почетокот од месецов, американски функционери предупредија дека руските сили се обидуваат да стекнат контрола врз овие објекти.

Инвестициската компанија на Хантер, има инвестирано околу половина милион долари во Метабиота, а успеале да обезбедат и дополнително надворешно финансирање од неколку милиони долари.

„Меѓутоа мејловите покажуваат дека Хантер бил посебно вклучен во работата на Метабиота во Украина. Во неговите презентации пред инвеститорите, тој тврдел дека не само што го организирал финансирањето на компанијата, туку и помогнал таа ’да добие и нови муштерии’ вклучително и ’владини агенции’,“ објавува Босвел.            

Официјални американски документи покажуваат дека Пентагон на Метабиота и има доделено договори во вредност од 18,4 милиони долари во периодот од февруари 2014 до ноември 2016, во времето кога таткото на Хантер се уште е потпретседател на САД.

Метабиота исто така има блиски врски со Институтот за вирологија во Вухан, со кои во 2014 имаат објавено заедничка студија за заразни болести од лилјаци во Кина.

28 март 2022 - 11:00