Новата истрага околу досието „Твитер фајлови“ открива дека вработени во компанијата правеле црни листи, оневозможувале несакани твитови да станат трендинг и активно ја ограничувале видливоста на цели акаунти па дури и трендинг теми, сето тоа во тајност, без да ги информираат корисниците.
Твитер некогаш имаше мисија „на сите да им даде моќ да создаваат и споделуваат идеи и информации веднаш, без бариери“.
„Некаде по пат, бариери сепак беа подигнати“, забележува Вајс.
Пример за тоа е професорот од Стенфорд, доктор Џеј Батачарја кој предупредуваше дека карантините ќе им нанесат голема штета на младите. Твитер тајно го има ставено на „црната листа на трендови“, оневозможувајќи неговите пораки да станат „трендинг“.
* За среќа, ние читаме малку пошироко од Твитер па доктор Батачарја го имаме овде, овде и овде.
Сличен третман добил и популарниот десничарски ток-шоу домаќин, Дан Бонџино која бил ставен на црна листа при пребарување Твитер содржини. На конзервативниот активист Чарли Кирк му залепиле уредничка пресуда „да не се засилува.“
Твитер демантираше дека прави такви работи. Дека нема скриени банирања, особено не поради политички или идеолошки ставови. Тврдеа дека постои само видливо филтрирање.
Твитер поседувал моќни алатки за манипулирање со содржините и нивниот опсег: можело да се блокираат пребарувања на индивидуални корисници, да се ограничи видливоста на содржини, да се оневозможи популарност на твитови, да се изземат од пребарувањата по хаштази.... сето тоа без знаење на корисниците кои се таргетирани.
Со овие алатки се „решавале“ и по 200 случаи дневно.
Надвор од официјалните компаниски канали за одржување на куќниот ред на платформата, постоела и тајна неформална работна група составена од највисоки членови на неколку департменти која ја нарекувале “Site Integrity Policy, Policy Escalation Support,” или скратѕено “SIP-PES.”
Тука се донесувале политички најчувствителните одлуки, без стандардните компаниски тикети по кои се обавуваат задачите во фирмата. На дневен ред кај нив дошол и одличниот @libsoftiktok кој веќе бил на „црна листа на трендови“ но акаунтот добил и забелешка „да не се преземаат акции без консултации со СИП-ПЕС“. Таа твитер сметка која во 2020 година ја има креирано Чаја Раичик (агентка за недвижнини од ЛА) и има преку 1,4 милиони следбеници, само во 2022 година има попиено шест суспензии.
* Дури и новинарка на Вашингтон пост ѝ затропа на врата што од пристојни луѓе беше оценето како малтретирање, рамно на она кога Амон Мра, со микрофон од Цивил, би одел по луѓе и би прашувал:
- Признај дека ти си Мартин Толовски!, пишавме во статијата Ранетиот Твитeр мава на сите страни.
Бери Вејс чија цела нишка за оваа епизода од досието можете да ја најдете овде, најавува дека следната епизода од „Твитер фајловите“ повторно ќе ја игра Мат Таиби.
* Првиот дел од „Твитер фајловите“ го имате во „Маск и Таиби го откриваат валканите тајни на Твитер“.
* Бери Вајс можете да ја видите во „Како тоа мислиш светов има полудено?“.