Популарниот твитер акаунт и влијателен глас во актуелните културолошки војни „Либералите од ТикТок“ (@libsoftiktok) минатата недела доби уште една, трета по ред, суспензија од Твитер откако реши да го покаже „шаренилото“ на Прајд парадите на кои се носат и деца, исто како што се носат и на квир журки, небаре можноста 4 годишно дете да гледа мажи облечени во жени како играат за пари е неприкосновено детско право и обврска (види: Шоу за мали принцови и принцези).
Во меѓувреме, свиркач меѓу вработените во Твитер доставил дискусија меѓу негови колеги кои лабаво муабетат за акаунтот кој страшно им боде очи затоа што секојдневно покажува какви сè ликови и лудари стојат зад денешната псевдо-прогресивност, што е особено морничаво кога се работи за наставици кои работат со мали деца.
Симптоматично во тој муабет е што на чуварите на „исправниот курс на платформата“ не им е потребна никаква дебата или соочување со различни мислења за темата: за нив, пресудата за Либералите од ТикТок е јасна: се работи за „домашен тероризам“ кој има за цел да “иницира таргетирано насилство кон маргинализирани лица“. Попат и малу курч околу твитер судбината на Трамп, отприлика во духот на „ние Трамп го скинавме, не па овие“. (види скриншотови 1, 2 и 3).
Преходно луѓето од проектот Веритас обелоденија каква надменост и раскалашеност владее меѓу вработените во Твитер после што не чуди онаа паника во нивните редови по најавата за купување на платформата од Елон Маск (види: Твитер да ти бил најдобриот комунизам што некогаш постоел).
Последната суспензија на Либс ја коментираше и самиот Маск порачувајќи дека една платформа не може да се смета за инклузивна ако таа има предрасуди кон половина од земјата.
Дури и ваква разумна забелешка наиде на лавина реакции од влијателните либерални акаунти па почнаа да замислуваат каква катастрофа би била комбинацијата Маск- Либс. Не за Твитер туку за човечкиот род.
Инаку, овој Твитер акаунт стана толку сериозно влијателен што се тргна во потера по идентитетот на човекот/луѓето/руските агенти што стојат зад него. Испадна дека зад целиот ремет стои Чаја Раичик, агентка за недвижнини од Бруклин која живее во ЛА.
Дури и новинарка на Вашингтон пост ѝ затропа на врата што од пристојни луѓе беше оценето како малтретирање, рамно на она кога Амон Мра, со микрофон од Цивил, би одел по луѓе и би прашувал:
- Признај дека ти си Мартин Толовски!
Раичик е навикната да добива закани од хистерични твитерџии, греота е само што мета на сајбер малтретирање стана и една друга девојка со исто име и презиме која нема никаква врска со спорниот акаунт.
А заканите за Либс воопшто не се пријатни.
Раичик овој акаунт го отвори во април 2020 година ветувајќи „дневна доза кринџови од ТикТок.“ Првиот нејзин пост кој надмаши 50.000 гледања беше овој бљак посветен на Ентони Фаучи, првиот човек на американското здравство и еквиквалетно божество на нашиот Венко Филипче и аплаузите од балкон.
А после работите станаа сериозни.