Во тајно снимани разговори висок вработен на Твитер ја раскажува атмосферата во компанијата пред и по најавената зделка на Маск, и како до сега на никого не му е гајле за трошоците што се прават и дека менталното здравје е над се „работам по 4 часа неделно“ или „можеш да земеш колку сакаш слободни денови, луѓе земале и по неколку месеци.“
„Во основа изминатиот квартал работев само четири часа неделно. И така се работи во нашата компанија,“ изјавува сениор инженерот во Твитер, Сиру Муругешан.
Според сниманите разговори најголемата смешка во компанијата е слободниот говор, бидејќи „Твитер не верува во слободен говор“. Тие се свесни дека ја цензурираат десницата и отворено сметаат дека едноставно левицата и десницата не можат да егзистираат на една иста платформа.
Што се однесува конкретно на купувањето на Твитер од страна на Елон, тој објаснува дека има колеги што се „супер, лево, лево, лево, лево“ кои ја мразат целата ситуација и се заканиле дека ќе ја напуштат компанијата. Тие направиле сè што можат за да се побунат против зделката, меѓутоа крајната одлука останува на бордот на директори.
„На крајот од денот Бордот ја има конечната одлука, а тие делуваат во својот најдобар интерес затоа што не сакаат да бидат тужени (од своите акционери по основа дека не прифатиле понуда за купување на компанијата),“ објаснуваат вработените.