Во предлогот се бара да се дозволи вирусот да се рашири кај ниско ризичните групи во надеж дека таму ќе се постигне „имунитет на стадо“ со што доволно голем дел од населението би станало отпорно на вирусот за да се задуши пандемијата.
Автори на Барингтонската декларација (крстена по името на градот во Масачусетс во кој е создадена) се Сунетра Гупта од Универзитетот во Оксфорд, Џеј Батачарја од Станфорд и Мартин Кулдроф од Харвард, а во знак на поддршка предлогот го потпишуваат уште голем број нивни колеги.
Според нив рестрикциите и затварањето заради ковид-19 имаат „разорувачко влијание“ на јавното здравје со тоа што ја нарушуваат рутинската грижа и му штетат на менталното здравје.
Главно тие сметаат дека не треба цел свет да седи и чека да излезе вакцина, туку само старите луѓе и оние за кои има ризик да бидат заштитени, а на оние што не се во толкава опасност „веднаш да им се дозволи нормално да продолжат со животот“.