За децата грипот е посмртоносен од ковид

Стапката на преживување од ковид за помлади од 70 години е 99,95%, а за постари од 70 - 95%. На големата слика конструирана од 50-тина големи истражувања објавени во угледни медицински часописи, потсетува професорот од Стенфорд, доктор Џеј Батачарја.

Тоа значи дека во случај на заразеност, веројатноста да се умре од ковид, за постарите од 70 години е пет проценти за за помладите 0,005%.

Во разговор за мрежата ЈАМА (The Journal of the American Medical Association) доктор Џеј Батачарја потсети дека за деца, грипот е поопасен од ковид и дека дури и во ваква година, во Америка повеќе дца има починато од грип отколку од ковид.

Професорот од Стенфорд се повика на овој билтен на Светската здравствена организација но рече дека слични резултати се ојавени во многу други студии.

Ваквите факти за болеста го инспирираа Батачарја, заедно со професорот по медицина од Харвард, Мартин Кулдорф и епидемиологот од Оксфорд Сунетра Гупта да ја развијат декларацијата од Грејт Барингтон чија суштина е дека општиот локдаун има катастрофални последици врз физичкото и менталното здравје на населението и дека наместо такви потези, сите напори треба да се фокусираат на заштита на старите и другите ранливи групи а останатите да живеат нормално за полека да се доаѓа до посакуваниот колективен имунитет.

Што е тоа што ве загрижува во врска со карантинот и што е она што ве натера да ја потпишете Декларацијата?

Мартин Кулдорф: Медиумите сугерираат дека постои некаков научен консензус во полза на карантинот, но тоа не е така. Загрижен сум за две работи. Едната е колатералната штета што целосното затворање ја прави на другите аспекти на јавното здравје. Еден од основните принципи на тоа јавно здравје е да не гледате само на една болест туку да го разгледувате здравјето како целина, на подолг рок.  Со ковид-19 тоа не го правиме. Како научник кој се бави со таа тема, вчудоневиден сум каква фокусираност постои на само една болест и тоа со краткорочни идеи. А колатералните штети се трагични, од пораст на кардио-васкуларните проблеми, преку намалување на скрининзите за рак па сè до проблемите од менталното здравје.

Мојата втора загриженост е дека дури и да бидеме фокусирани само на една болест, сегашниот пристап нема логика. Пролетва баравме начини да ја намалиме кривата за да не се преполнат болниците и тоа успеа во речиси секоја земја. Но, обидите да се блокира болеста со следење на контактите, тестирање и изолација, заедно со жестоките карантини, нема да го реши проблемот туку само ќе го одложи за во иднина.

Тогаш како против вирусот?

Кулдорф: Не треба да не правиме ништо и да дозволиме ковид да беснее наоколу. Но, не требаат ни општи карантини. Клучно е да се минимизира смртноста на подолг рок и затоа ние во декларацијата апелираме за фокусирана заштита, односно да обезбедиме максимална заштита на високоризичните поединци а да ги оставиме младите да живеат нормално. Младите и понатаму треба да миат раце и да седат дома ако се заболат но треба да посетуваат физичка настава, да спортуваат итн. Рестораните треба да се отворени.

Во ова сценарио ние поефикасно би ги штителе старите за помал број од нив да бидат заразени. Наместо нив, младите би доаѓале во контакт со заразата и пренасочувањето на заразата кон нив би довеле до драстично намалување на смртноста. Не можеме комплетно да ги заштитиме старите но колку подолго остануваме во пандемија, тоа ќе биде уште потешко. Тие всушност се позаштитени ако немаме карантин.

Секој може да се зарази. Но знаеме дека  постојат значајни разлики во ризиците кај старосните групи. Не се работи за двојна, петкратна или десеткратна разлика. Не е ниту стократна. Разликата во ризикот кај младите и кај старите е илјадакратна. Огромна.

* повеќе во „Карантинот е ужасен експеримент а товарот го носи работничката класа

4 декември 2020 - 10:03