Твитер ќе забранува линкови од Фејсбук, либтардите се освестија за цензура

Откако долги години немаа проблем со тоа дигиталните платформи да цензурираат луѓе кои не им се по мерка, новинарите на американските корпоративни медиуми денес гласно зборуваат за тиранијата на Сицилиумската долина. И понатаму немаат проблем тие со цензурата. Имаат проблем со тоа да бидат замолчувани нивни. 

Американските корпоративни медиуми неочекувано вистински се „разбудија“ и станаа свесни за цензурата на големите технолошки мастодонти. Истите оние „либерални“ новинари кои со години агитираа Фејсбук, Твитер и другите да цензурираат луѓе со ставови кои не им се допаѓаат, папагалски повторувајќи ги етикетите за „дезинформации“ и „лажни вести“, истите оние кои тврдеа дека да бидеш забранет од дигитален јавен простор е нормално како да не те пуштат во некоја приватна бурекџилница, сега стануваат првоборци против тиранијата на Силициумската долина.

Не дека Маск со неговите „кого удрам не жалам“ одлуки не дава простор за сериозна критика, особено по големите ветувања дека „птицата е ослободена“ и дека Твитер станува платформа за вистински слободен говор, туку крајно интересно е како се сменија ролјите. 

Неговата последна драстична промена на политиката беше објавата дека корисниците на Твитер веќе нема да можат да линкуваат до Фејсбук, Инстаграм, Мастодон и други платформи кои ги опиша како „забранети.“

По огромните реакции, ретерираше па рече дека одлуката нема да стапи на сила пред да ги види резултатите од неговата последна анкета (уште за што да доручкува не објавил анкета) за тоа дали треба да го напушти водењето на Твитер, потсетувајќи ги на максимата да внимаваат што посакуваат - за да не им се оствари.

   

Неодамна, Твитер го банираше профилот @ElonJet кој користејќи јавно достапни информации ја објавуваше локацијата на неговиот приватен авион а за истиот грев беа казнети и девет новинари кои пишуваа за тоа. Тој на тоа гледа како да се објауваат „кординати за атентат“ па рече дека пред некое време некој лудак се качил на хауба на кола во која било негово дете. Како и во добата пред Маск, сите овиде суспензии беа направени на куп и без многу транспарентност. 

Си-ен-ен ја осуди „импулсивната и неоправдана суспензија“ на еден од своите новинари, Њујорк тајмс побара детално објаснување. Маск набрзо ги одблокира профилите на новинарите - откако спроведе анкета меѓу следачите - оставајќи го блокиран само профилот @ElonJet.  Го суспендираше и репортерот на Вашингтон пост, Тејлор Лоренц, па и него го врати. Без објаснување.

„Иако послободен Твитер од оној каков што беше пред да го преземе е за поздравување, таквото „отворање“ е многу кревко кога почива на хировите на еден ненормално богат човек. На вистинските либерали би требало да им е незгодно што судбината на слободата на говор на мрежите почива исклучиво на милијардери, а за Маск веќе постојат основани сомненија дека не е до толку заколнат заговорник на апсолутната слобода на говорот“ пишува Том Слејтер за Спајкд.

Од забранувањето на новинарите, трајното протерување на Канје Вест заради антисемитизам и одбивањето да го врати теоретичарот на завери Алекс Џонс од сосема лични и емотивни причини, видливо е дека - исто како и неговите претходници - Маск е подготвен да носи прилично субјективни проценки.

Иако овие привремени суспензии се бледи испади во однос на изобличувањата на правилникот со цел да се ограничи влијанието на непожелните и на Доналд Трамп (види: Маск и Таиби го откриваат валканите тајни на Твитер, Тајните црни листи на Твитер), јасно е дека и самиот тој има доста флексибилен пристап околу примената на своите правила. 

„'Приватна компанија е - може да прави што сака!' беше завршната реч во излагањата на „либералните“ новинари и политичари кога нивната цензура им одеше во прилог. Смешно е што забораваат дека и Твитер е приватна компанија, што Маск ја купи за ладни 44 милијарди долари. Сепак, самата флоскула не е смешна, со оглед на тоа што и за приватните компании постојат строги правила и закони што не им дозволуваат да прават што сакаат. Цензурирањето граѓани од огромни монополизирачки платформи и манипулирањето со онлајн дебати би требало да биде дел од списокот на забранети работи", поентира Слејтер.

19 декември 2022 - 11:10