Омразата кон градскиот ривал и неговите навивачи знае да биде голема, но она што го направија навивачите на Брондби на градското дерби против Копенхаген ја носи бизарноста до друго ниво. Не ги гаѓаа противничките фудбалери со „вообичаени“ предмети, туку од трибините фрлаа мртви стаорци кои редарите мораа да ги собираат за да се изведе корнер.