Настапот на Брондби за сега во Лига Европа е мизерен: последно место во групата со гол разлика 0:5 после три кола (1 нерешена и 2 порази).
Мечот Ренџерс - Брондби го следел и 18-годишниот Кристиан Петерсен кој прво го поднел поразот на својот тим а после имал нови потешкотии: не можел да го фати летот назад за Копенхаген.
Кристиан на својот Твитер профил објавил декa не му ја чекирале картата за летот, а тоа е веројатно зошто немал тест за корона вирус. Тој се обратил до компанијата но залудно - морал да остане во Шкотска. Напишал на Твитер дека му останува да преноќи во Глазгов па да се снаоѓа следниот ден.
Данските навивачи не го оставиле сам: брзо собрале повеќе од 5.000 дански крони (околу 672 евра) за авионска карта назад до дома. Петерсен им се заблагодарил и напишал дека скоро ќе се врати дома.
Ама тука не е крајот: тестот за ковид чинел 220 крони па не му стигнале доволно пари за авионска карта.
Петерсен тогаш барал друга варијанта со буџетот кој му останал на располагање: „Летам до Гдањск, после во Хамбург па со фериброд до Копенхаген. Ќе бидам дома во понеделник вечер и тоа е најевтина варијанта“, напишал Кристиан.
Тој го пропуштил неделното големо дерби Брондби - Копенхаген кој неговиот тим го доби со 2:1.
„Не го мисли дербито, скоро ќе има ново. Држи добро расположение. Многу од нас со нетрпение го чекаат твитот дека конечно си во Данска“, му напишал некој друг навивач.
Дечкото им се заблагодарил на сите а набрзо го поддржале и втор пат со уште 500 дански крони. Дури во понеделник вечер стигнал дома.
— Christian Petersen (@BrondbyChris) October 24, 2021
„Синоќа стигнав дома и одма легнав да спијам. Денес се натерав да одам во школо што беше еден од најважните моменти по враќањето дома. Целосно сум скршен, ама најлошото помина. Немам друг избор освен повторно да ви се заблагодарам. Порано често бев еден од обичните читатели на Твитер, ама сега се чуствувам како дел од големата Твитер фамилија“, напишал Кристиан.