Холивудски пресврт во ЛШ, Селтик е исфрлен после 4 гола предност

Во Лига на шампиони сезона 2026/2027 ќе има два дебитанти. Кој би рекол дека во најелитното клупско европско натпреварување ќе ги гледаме Сабах од Баку и ЛАСК од Австрија? Да испаднеш после предност од 4:0. Луда работа.

ЛАСК го исфрли Селтик во реванш плејофот од ЛШ со триумф од 5:1. Австријците стигнаа до мега победа, бидејќи на гости загубија 3:0, плус синоќа губеа дома 1:0.

Резултатот го отвори Мекгрегор во 21 минута, како најава дека домаќинот нема што да бара против фаворитот од Шкотска.

Но, фудбалерите на ЛАСК не се откажаа и покрај тоа што пласманот во групна фаза им изгледаше невозможна мисија. Потоа:

32 минута - Мозес Усор 1:1
48 минута - Роберт Љубичиќ 2:1
58 минута - Самуел Адениран 3:1
90 минута - Флоријан Флекер 4:1 за продолженија

Голот за деби пласман во Лига на шампионите го постигна Адениран во 109. минута, а истиот фудбалер, 6 минути подоцна промаши пенал.

Чудо од Азербејџан: Клуб стар 9 години со сензационален пресврт до ЛШ

26 август 2026 - 09:19