Групната фаза од ЛШ уште не е почната, а веќе почнаа драмолетките. Сабах е бајка над бајките. Постои од 2017-та и ќе се појави на иста сцена со Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен...
Тимот од Азербејџан се избори за историја откако го совлада првакот на Израел, Хапоел Бер Шева со 5:2 во реванш мечот од плејофот.
Внимавајте добро. Загубија 2:1 на првиот дуел, губеа 2:1 и на реваншот, но потоа одговорија со 4 комада.
Најпрвин Рахмоналијев го израмни резултат, а херој на мечот беше Муталимов, кој со голчиште на волеј во 94. минута за 3:2 се избори за дополнителни 30 минути.
Хапоел во продолженијата го дотолчија Мбина и Микелс за епски триумф од 5:2, односно вкупни 6:4.