ЛАСК го освои Купот на Австрија по пауза од 61 година, откако го доби Алтах со 4:2 во продолженија. Погледнете ги што успеаа да изведат со само две додавања, од кое првото е од голман. Не тапна топката на земја. Како на мал фудбал го изведоа ова. Неверојатен гол.
Момците на Солскјер имаа 0:5 од првиот осминафинален дуел и вечерва на Олд Трафорд реваншот беше само формална пресметка која ја добија со 2:1. Но резултатот го отворија гостите кои ќе ја паметат оваа убедлива елиминација од 7:1, поради единствениот нивен гол, дело на Филип Визингер.
Фудбалот се врати во Германија, Јужна Кореа и Чешка, наскоро ќе се возобноват Премиер лига, Ла Лига и Серија А, но првиот трофеј во ера на коронавирус го освои Ред Бул Салцбург.
Артим Шаќири е синоним за гол од корнер, барем за нас Македонците, ама и за Англичаните. Паѓа ретко, а вечерва во Лига Европа го имаше на дуелот Розенборг - ЛАСК за 0:1. Е јако е ова, знаеме.