Поранешниот тим на Ерлинг Халанд е првиот фудбалски клуб кој освои и на необичен начин прослави трофеј во епоха на КОВИД-19.
Ред Бул Салцбург го освои седмиот Куп на Австрија за последните 9 години. Противник во финалето им беше второлигашот Австрија Лустенау. Во 20' минута големиот фаворит веќе водеше 2:0, а мечот заврши 5:0.
Најинтересен момент по судиската свирка за крај беше церемонијата на доделување награди во нова „нормалност“ каква уште не сме виделе на фудбалските терени.
Фудбалската федерација на Австрија реши да го организира финалето на Купот како прв натпревар после долгата пауза поради глобалната пандемија.
Организацијата беше речиси иста како во германската Бундеслига: празен стадион без гледачи, постојана дезинфекција на топките, никакво ракување и гушкање при прославата на головите.
Исто и доделувањето на медалите и трофеите беше со социјална дистанца.
Играчите на двата клуба ги добија медалите не од фудбалските чиновници, туку ги земаа сами од столици кои беа на растојание една од друга.
Фудбалерите на Ред Бул Салцбург откако ги земаа медалите, отидоа на специјалниот подиум на кој имаше нацртани кругови за социјално растојание на кои можеа да стојат играчите.
Претседателот на Австриската фудбалска федерација Лео Виндтнер (во маска) дозволи само еден социјален контакт: се поздрави со лакт со капитенот Андреас Вилмер пред овој да го земе пехарот од постаментот и да тргни кон соиграчите.
Потоа секој играч посебно го креваше пехарот.
Но во еден момент играчите на Ред Бул Салцбург заборавија на социјалната дистанца, се собраа заедно еден до друг и се фотографираа со пехарот. Интересно во ова натпреварување сезонава најдобар стрелец на Салцбург е Ерлинг Халанд кој веќе неколку месеци е член на Борусија Дортмунд.
Фудбалските клубови во Аавстрија тренираат од 20 април, а од 15 мај започнале и групните тренинзи. Австриската Бундеслига во која Ред Бул Салцбург искористи тоа што федерацијата бодовно го казни лидерот ЛАСК поради кршење на протоколот за тренинзи и сега Салцбург е на чело на табелата, стартува на 2 јуни.