За разлика од најпопуларните спортови како фудбал и кошарка, во кои ѕвездите заработуваат екстремно многу пари, постојат спортови кои не се толку популарни и во кој по завршувањето на професионалната кариера, спортистите неретко се борат за гол живот и преживување.
Тоа ја снашло и Верона ван де Лер, легендарна златна гимнастичарка од Холандија: таа се судела со татко и, живеела на улица и завршила дури и во затвор. А во 2011 година решила да стартува нова кариера: Ван де Лер станала порно глумица.
ЗАВРШИЛА КАРИЕРА ПОРАДИ КОНФЛИКТ СО ФЕДЕРАЦИЈАТА
На свои 14 години, Верона била државен шампион на Холандија во мултиспорт трка, а после две години станала една од најголемите ѕвезди на европската гимнастика за која се пишувало.
На ниво на ривалитетот Меси-Роналдо, така во гимнастиката во 2000-те години (посебно на Европското 2002) бил ривалитетот меѓу Ван де Лер и Светлана Хоркина од Русија. Холанѓанката на тоа Европско освоила дури 5 медали!
После шест месеци, Верона го освоила и сребрениот медал на Светско првенство, после што во Холандија ја прогласиле за спортист на годината (замислете каков престиж во пеколна конкуренција да ја изберат за најдобра).
Но после овој полет, следувал многу болен пад. Верона не се нашла на Олимписките Игри во Атина 2004 година поради тоа што на Светското 2003 била во втор план и Холандија заработила само две квоти за Олимпијада.
Се испоставило дека избил конфликт со федерацијата а таа имала и страшен притисок од родителите. Според неа, и федерацијата и родителите не ги интересирал спорт туку само медали и пари. Никој не прашувал како и е неа.
„Имиџот на мила гимнастичарка со очи како Бамби го направија луѓе кои беа заинтересирани за тоа. Јас бев должна да носам медали за државата, тоа беше приоритет. Тоа каков човек бев никого не го интересираше. Станав производ на федерацијата, на родителите и сите тие кои имаа интерес од мене. Не знаев дека на тие луѓе не сум им интересна како човек, се додека не излегов од гимнастиката“, раскажува Верона во едно интервју.
РОДИТЕЛИТЕ ЈА ИЗБРКАЛЕ ОД ДОМА, ЗАВРШИЛА ВО ЗАТВОР
Без спортот како вентил, ван де Лер брзо западнала во неволји: во 2009 година се судела со татко и кого го обвинила за присвојување пари. Според верзијата на гимнастичарката, татко и ги зел приходите од спонзорите.
А тој одговорил на суд дека дечкото на Верона го нападнал со метална шипка. На крајот гимнастичарката го добила спорот и судот го обврзал татко и да и врати 62.000 евра. Во раскажувањето, Верона се сеќава дека родителите жестоко реагирале на пресудата на судот: еднаш кога се вратила дома, нашла пред врата два куфери со нејзините работи: ја избркале на улица.
Кога веќе снемала пари и станала буквално бездомник, Ван де лер спиеле во кола по парковите, барала бесплатна храна по маркетите (она што го нудат за дегустација), а потоа завршила во затвор.
Во 2010 година полицијата ја уапсила по обвинение за принуда и уценување: во парк таа фотографирала еден млад пар како води љубов, а потоа на вљубените им ги нудела снимките за 3.000 евра. Парот веднаш ја пријавил во полиција.
На Верона ѝ го одземале компјутерот од дома во кој нашле две видеа и дури 114 фотографии од детска порнографија. Полицијата во колата и нашла непријавено оружје. Ван де Лер признала дека уценувала и принудувала, но за детската порнографија, со помош на адвокатот, тврдела дека компјутерот го користеле повеќе луѓе.
Во затвор ја задржале 72 дена. Во нејзината книга вели дека во тоа најтешко време од нејзиниот живот помислувала и на самоубиство.
СНИМАЛА ПОРНО, ЗБОРУВАЛА ЗА ПРОБЛЕМИ ВО ГИМНАСТИКАТА
Ван де Лер не само што не можела да најде пари, туку и не можела да се пронајде себеси после спортот. Во 2011 година популарниот сајт за интимен чат ѝ предложил да биде веб-модел: корисниците ѝ плаќале по 70 центи за минута разговор преку видео.
Верона сфатила дека новата професија не и носи лоши приходи, па набрзо и снимала самостојни видеа. По извесно време влегла во порно индустријата и снимала разни жанрови за разни компании со разни сценарија.
Таа го објаснила овој необичен избор со тоа дека кариерата во гимнастика многу е поврзана со разголувањето пред публика.
„Да се биде гимнастичарка е прав егзибиционизам. Таму луѓето секој ден го споредуваат тоа со сексуално однесување и сексистички се поведуваат, особено ако си млада девојка која широко ги шири нозете пред публика.
Ако луѓето кои ме осудуваат знаат какви работи има во гимнастиката, тие би се воздржале од суд. Луѓето пред компјутер може да бидат исти како и тие во сала. Чесно е да се каже дека јас не гледам разлика меѓу тоа во спортот и тоа што го правам сега“, рекла Верона.
Овие зборови на Верона се поткрепени со неодамнешниот страшен скандал со лекарот во гимнастичката репрезентација на САД, Лари Насар кого девојчиња го обвинија за сексуално насилство и дека станале негови жртви.
Во моментов Холанѓанката има 33 години, успешно се занимава со својот сајт, периоднично снима по некое видео, а има и неколку страни на Инстаграм. Во план и е да стане консултант на спортистите на тема насилство и принуда.
Интересно на Светското првенство во гимнастика во Штутгарт таа била ангажирана од холандскиот медиум AD, да работи како стручен консултант.
Нејзината биографија ќе излезе во јануари 2020 година. Ќе се вика Simply Verona: Breaking All the Rules за кое вели дека ќе биде одлично четиво.