Како се однесуваа оние кои на цел свет му држат лекции како да се однесува

По спокојното Светско првенство во Русија 2018-та каде не смееше пиле да помине и хулиганите знаеа што ги чека ако направат и најмал проблем, пред и по финалето во Лондон полицијата во неделата вечер не можеше да ја смири толпата.

Организацијата на Европското првенство летово беше беспрекорна и на високо ниво во сите градови. Но последниот ден англиските навивачи како да го извадија духот од боцата на „славните“ ’80-ти и ’90-ти години.

ШТО СЕ СЛУЧИ?

По социјалните медиуми се споделуваат видеа на кои се гледа како толпа навивачи ги туркаат заштитните огради пред влезовите на стадионот Вембли и влегуваат без карти по турканица со редари и полиција. Ова го потврдија и Sky Sports, BBC и The Telegraph.

Стотици навивачи успеале да влезат без карти но ги зафатиле местата на некој кој веќе претходно купил карта па настанал хаос околу седиштата во секторите.

Организаторите на почеток демантирале, но полицијата набрзо соопшти дека „не баш мал број на гледачи без карти успеале да се пробијат на територија на стадионот“. БиБиСи пренесе дека многу гледачи без карти се протнале во секторот за луѓе со ограничени можности и посебни потреби, па редарите морале да одат таму да заведат ред. Според некои очевидци на „Вембли“ фалело полиција за да ги скроти хулиганите.

Притоа во неколку наврати физички биле нападнати и италијански навивачи.

Организацијата на големото финале ја критикуваат не само новинарите на The Mail on Sunday но и другите. Иај Ледимен од Daily Mail вели:

„Сум бил на десет големи турнири. Никогаш претходно не сум бил на место каде може да се пикнеш на стадион без карта. Чудно, жално, но можеби не така изненадувачки“.

Мигел Дилејни од The Independent:

„Навивачите одат во зоната за медиуми и бараат од нас да им раскажеме што се случува. Гледаме многу навивачи без места, редарите ги гледаат главешините и прашуваат: „Што да правиме?“ На околу се осеќа јак мирис на хашиш“.

Мајкл Овен, легендарниот англиски центарфор изјави:

„Најлошо вечерва не беше поразот на Англија, туку однесувањето на некои таканаречени навивачи. Никогаш не сум се чувствувал така напнато на некој натпревар. Надвор имаше токсична атмосфера, луѓе облеани со крв. Внатре на стадионот луѓе без карти бараат слободно место. Лошо“.