Финале пред финалето одиграа Италија и Шпанија. Мечот почна тактизирачки и со голем број одлични акциии на двете страни.
Шпанците имаа поголем посед на топка кој Италија свесно го препушти и се обиде преку контри и полуконтри да го загрози Унаи Симон.
Најдобри шанси во првиот период од мечот имаше Дани Олмо но Џанлуиџи Донарума бранеше одлично.
На другата страна левиот бек Емерсон Палмиери кој го замени одличниот Леонардо Сппинацола играше сјајно и дури и погоди пречка по првата акција со Инсиње по лева страна.
Првиот дел заврши како што почна 0:0.
Веќе во вторите 45 минути и двете селекции тргнаа похрабро. Во 60' минута Италија поведе по една мајсторска акција која што со гол ја круниса фантастичниот Федерико Кјеза. Инсиње го проигра Чиро Имобиле, контрата тргна брзо до Кјеза кој одлично се намести и со одличен удар го совлада Унаи Емери за 1:0.
Во ист момент „аѕурите“ се повлекоа пред својот гол и свесно му препуштија иницијатива на ривалот. Селекторот Манчини реши да освежи со нови играчи од клупата но Шпанија напаѓаше се посилно.
Во 80' минута стигна израмнувањето, откако Мората и Олмо тргнаа сами на цела противничка одбрана, па првиот со убав гол израмни на 1:1.
„Црвената фурија“ како да почуствува крв и посака да ја нокаутира Италија, но избраниците на Манчини се одбранија и мечот отиде во продолженија.
Во дополнителните 30 минути немаше многу ризик од двете страни со по некоја шанса и од едните и од другите но резултатот остана 1:1.
Мечот отиде на пенали, рулет кој по трет пат го гледавме на ова Евро 2020.
На крајот попрецизни беа Италијанците, а трагичар на мечот беше Алваро Мората кој промаши пенал и аѕурите отидоа во големото финале каде ќе го чекаат подобриот од второто полуфинале Англија - Данска.
\
Италија е и на праг од нов светски рекорд на непобедливост. Под водство на Роберто Манчини, „Аѕурите“ немаат пораз 33 меча по ред!
Рекордот се уште го држат Бразил и Шпанија кои во минатото направија подвиг со 35 меча без пораз во репрезентативниот фудбал. Во однос на италијанскиот репрезентативен фудбал, Манчо веќе ги урна епските рекорди на некогашните селектори Корсо и Липи.
10 - Italy have now reached their 10th major tournament final (World Cup/Euros) - only Germany (14) have participated in more major tournament finals amongst European nations than Italy (incl. Euro 2020). Pedigree. #EURO2020 #ITA pic.twitter.com/DlMASt57Cf
— OptaJoe (@OptaJoe) July 6, 2021