Италија слави втора европска титула. Аѕурите се владетели на европското злато откако вечерва Џанлуиџи Донарума беше нивен херој и одбрани два клучни пенали во пенал рулетот - на Џејдон Санчо, Рашфорд и младиот Букајо Сака.
🏆 𝗖𝗔𝗠𝗣𝗜𝗢𝗡𝗜 𝗗’𝗘𝗨𝗥𝗢𝗣𝗔 🏆
— Nazionale Italiana ⭐️⭐️⭐️⭐️ (@Vivo_Azzurro) July 11, 2021
🇮🇹 🇮🇹 🇮🇹 🇮🇹 🇮🇹 🇮🇹 🇮🇹 🇮🇹 🇮🇹 🇮🇹
✨✨ #𝑹𝒊𝒏𝒂𝒔𝒄𝒊𝒎𝒆𝒏𝒕𝒐𝑨𝒛𝒛𝒖𝒓𝒓𝒐 ✨✨ pic.twitter.com/8SoUXTvgGW
По сето прикажано на Европското летово, Англија и Италија заслужено играа во клучниот меч за злато.
Аѕурите одиграа сјаен турнир и на маестрален начин стигнаа до титулата европски шампион.
6 - Italy have won their sixth major tournament title (4 World Cup, 2 EUROs); among European nations, only Germany (7) have won more. Pedigree. #ITA #EURO2020 pic.twitter.com/nqZP80Fb1h
— OptaJoe (@OptaJoe) July 11, 2021
„Гордиот Албион“ тргна одлично и по само 120 секунди го отвори резултатот со убав гол на бекот на Манчестер Јунајтед Лук Шо кој погоди после центаршут на Трипие од десна страна.
На паузата Англија отиде со водство, а Италија во вториот дел тргна на сè или ништо и таквата офанзива им се исплатеше во 67' минута кога Леонардо Бонучи искористи еден метеж во шеснаесетникот на Англија и израмни на 1-1 за големо славје на италијанските навивачи.
По израмнувањето на Италија, двете селекции решија да го чуваат својот гол и привремено да се обидат да дојдат до водство. До крајот немаше промени на резултатот и се прејде на продолженија. И таму Пикфорд и Донарума ги сочуваа своите мрежи па пенал рулетот беше единствена солуција да се добие новиот европски првак.
Драматичните пенали:
Берарди отвори со гол, Кејн израмни па Белоти промаши. До крајот Донарума им ги одбрани ударите на Санчо, Рашфорд и Букајо Сака и Италија стана европски првак за огромна радост на своите навивачи.
Бонучи во камера: It's coming to Rome!
Капитенот Кјелини го крена пехарот кој претходно го донесе стрелецот на победничкиот гол во финалето на претходното Европско 2016, Португалецот Едер: