Италијанците не го забораваат својот другар

Леонардо Спинацола испадна неочекуван херој во италијанската репрезентација. По скромната сезона во Рома овој лев бек одигра фантастично Европско првенство но се повреди во четвртфиналето и ќе паузира најмалку шест месеци. Неговите соиграчи од репрезентацијата не го заборавија Спинацола.