Пружи одлична партија против моќната Белгија, но заработи тешка повреда поради која ќе го нема на терените 6-7 месеци. Но Лео гори од радост што неговите ќе играат финале, а тие му вратија со фантастичен гест.
Леонардо Спинацола испадна неочекуван херој во италијанската репрезентација. По скромната сезона во Рома овој лев бек одигра фантастично Европско првенство но се повреди во четвртфиналето и ќе паузира најмалку шест месеци. Неговите соиграчи од репрезентацијата не го заборавија Спинацола.