Математичарот кој промаши клучен пенал на Евро 1996, сега е во прво европско финале за Англија

Во неговата играчка ера англискиот фудбал важеше за најлуд: со ексценричниот Гаскоњ, хулигани на многу страни и груба игра на сите терени. Но во таков амбиент Гарет Саутгејт уште од рана возраст се двоел од другите по својата култура, речитост и писменост.

Кога се гледа англискиот селектор Герет Саутгејт, остава впечаток на многу интелигентен и остроумен човек. Тој повеќе наликува на некој психотерапевт или инвестициски брокер од богатата населба Челси отколку на фудбалски тренер.

И не само поради начинот на облекување, Саутгејт излегува од стандардниот интелект во фудбалот. Во младоста му предвидувале кариера економист, тој совршено зборува фрацуски и работел како новинар. 

МОЖЕ ДА ПРЕДАВА МАТЕМАТИКА, ПОЛАГАЛ ОСУМ НАМЕСТО ЧЕТИРИ ИСПИТИ

Гарет Саутгејт е роден во Кроули, најголемиот реон на југот од Лондон.

Татко му, Клив Саутгејт во младоста служел во армијата, па работел како мајстор а подоцна се вработил во компанијата IBM каде стигнал до висока позиција на топ менаџер.

Мајката на англискиот селектор Барбара работела како канцелариски администратор во компанијата Johnson Matthey (производство на драгоцени метали). И Клив и Барбара активно се занимавале со спорт. Татко му фрлал копја во далечина а мајка му била атлетичарка.

По раѓањето на Гарет, Барбара ја напуштила работата и го чувала дома малиот. Го воспитувала од најрана возраст.

„Од мајка му Саутгејт стекна одлично воспитание и прави вредности. Гарет многу научи и од татко и на Барбара, поранешниот познат маринец Артур Тол. Дедо му никогаш не излегуваше на улица без пеглана кошула и кравата и ги учеше внуците на железна дисциплина.

 

Кога му купуваше бомбони на малиот Гарет, никогаш не му дозволуваѓе да ги јаде на улица. Тие стандарди останаа со него секогаш“, раскажал татко му на англискиот селектор за Daily Mail.

Благодарение на таквото воспитување Саутгејт уште од мал носел кардиган, многу книги и не се двоел од книгите. Освен фудбал, играл и во школските рагби и крикет тимови.

Најдобар бил по математика и француски јазик. Наставничките сметале дека тој еден ден ќе стане или акционер на берза или професор по француски (им преведувал на другарите кога со рагби екипата биле на турнир во Франција). Во 10-то одделение полагал 8 испити на 0-Level (Ordinary level - базично ниво) каде учениците обично полагаат четири-пет испити од разни предмети.

„Он беше многу талентиран спортист и сестрана личност. За многу беше пример како треба да се однесува кон школото и кон спортот. Еден од оние типични паметни деца кои знаат се. Јас памам како лесно зборуваше со наставникот по француски“, се сеќава Дејвид Палмер, првиот наставник по физичко на Саутгејт за Mirror.

ПРВИТЕ СЕРИОЗНИ ФУДБАЛСКИ ЧЕКОРИ

На 11 години Гарет тренирал во академијата на Кристал Палас. Базата за тренинг на младинците на Палас се наоѓала во реонот Мичем (Mitcham) на југот од Лондон - место каде што живеат познатите хулигани на премиерлигашот.

Во младинската школа на Кристал Палас имало обични деца од локалните маала и умно бистро дете дотерано со испеглан кардиган се двоело од другите.

На еден од првите тренинзи, како што раскажал Саутгејт за The Times, играл десен бек и кога лесно му освоил топка на друго дете, тоа му рекло: „Мислиш дека си во библиотека, бе?“

Тешко му било и со тренерите. За разлика од школските клупи, овде не се воодушевувале толку од интелегентноста на Гарет. На 15 години го прекомандувале во јуниорскиот тим на Палас кај тренерот Алан Смит. Во иднина подоцна ќе се здружат и фалат еден со друг но на почеток Смит не го разбирал Гарет.

Еднаш после еден пораз Смит приметил како Гарет внимателно оди кај секој противник му дава рака, му честита на победата и им благодари за фер играта.

Смит го викнал гласно: „Гарет, слушај, на твое место јас би размислил да сменам професија. Може да станеш пример туристички водич? Ми изгледа дека фудбалот не ти лежи баш“.

Во интервју за Daily Mail, Смит еднаш рекол: „Тие ми зборови го збеснаа! Тој сметаше дека се однесува правилно, како џентлмен. Но подоцна сфати што значи да се биде професионален фудбалер“.

НА 16 ГОДИНИ РАБОТЕЛ КАКО СПОРТСКИ НОВИНАР

Можно е разликата меѓу неговиот внатрешен свет и суровиот фудбал во ’80-те да го збунил и самиот Гарет. Тој на 16 години почнал да сомнева во себе: а да не одберам фудбал туку некоја поинтелегентна професија? Едно време работел како новинар во локалниот весник Croydon Advertiser.

Во 2018-та Англија играше на Светско првенство, а весникот Croydon Advertiser извади материјал за стажирањето на селекторот Саутгејт:

„Во тоа време сакав да разговарам со играчите. Се запознавме после еден натпревари. Гарет кажа дека ако не успее во фудбалот, ќе стане новинар. Му предложив да дојде кај нас и да се проба како наш соработник“, се сеќава уредникот Дејв Маклеланд.

Саутгејт еднаш неделно доаѓал во канцеларијата во Јужен Кројдон. Седел заедно со уредникот Маклеланд и пишувал колумна за Кристал Палас. „Секако не пишуваше ништо лошо зошто уште беше актуелен играч. Пола година доаѓал во канцеларија и за тоа време се запознал и здружил со многу новинари. До толку уживал во процесот што не барал пари од весникот.

На тренерот во Кристал Палас, Алан Смит не му се допаднало тоа што младиот Саутгејт многу време поминува со новинарите. Не се сочувани се уште неговите текстови од раната младост, но напиша колумна за The Player’s Tribune каде колумни творат најпознатите светски спортисти.

Гарет составил колумна пред Евро 2020 и таму пишувал за репрезентацијата на Англија.

БИЛ ИНТЕЛИГЕНТЕН НО И МНОГУ БОРБЕН ЗА ШТО ЗАРАБОТИЛ ПОЧИТ

Во 1990-та Гарет Саутгејт првпат заиграл сениорски фудбал за прв тим и во следните 15 години беше стандарден првотимец во три клуба: Кристал Палас, Астон Вила и Мидлзборо

За другите играчи и натаму бил „бела врана во друштво“ затоа што уште носел кардиган џемперче и разговарал на чист литературен англиски без употреба на сленгови (поради тоа го викале бубалица).

Во 1993-та година тренерот Алан Смит ја однел екипата во Италија на подготовки и им дал слободно без него. Гарет се напил и се вратил во хотел на време.

На врата пред својата соба го сретнал претседателот на Кристал Палас, Рон Ноједс. Гарет побрзал до тоалет, но Ноједс му го попречил патот. Саутгејт не можел да издржи и повратил пред првиот човек во клубот. Утредента Гарет се отрезнил, му се извинил на претседателот и му ги исчистил чевлите.

„Он беше џентлмен. Мил дечко, семеен човек. Постојано се повлекувавме позади во автобусот да се картаме, а Гарет секогаш седеше напред и читаше. Го зафркававме поради големиот нос, но никогаш не се налути на тие шеги, знаеше да прифати шала“, се сеќава Дин Виндас соиграч на Саутгејт од Мидлзборо.

Со текот на времето се сменил. Од мирен и спокоен интелектуалец со што станал лидер во екипата, тој бил и прав борец. Во сите три клуба носел капитенска лента и бил главен во соблекувалната: организирал средби меѓу играчите и управата, ретко пиел со другарите, им помагал на новите фудбалери и ги бранел соиграчите пред раководството.

„Секогаш размислуваше нешто. Ги решаваше проблемите со разговор а не со викање. Со него лесно е да се договориш, никогаш не се лути и не се гневи, секогаш беше многу внимателен“, вели некогашниот селектор на Англија Свен Горан Ериксон.

СОИГРАЧИТЕ МИСЛЕЛЕ ДЕКА МОЖЕ ДА СТАНЕ ПРЕМИЕР

Во 2006-та Саутгејт ја заврши кариерата и веднаш почна да работи како тренер во омилениот клуб Мидлзборо. Во три години имал подеми и падови: клубот со него испаднал во Чемпионшип, па се вратил на врвот, но Гарет добил отказ.

По Мидлзборо се повлече од јавноста, а од 2013-та стана селектор на младинската репрезентација на Англија У-21.

Со успесите со младинците се препорача во ФА па му дадоа голема доверба и одговорност да ја води моќната Англија. Се испостави дека токму тој и треба на талентираната селекција со тактичка работа, стандарди, принципи и дисциплина. Гарет два пати по ред ја внесе Англија во полуфинале на големи турнири.

Пред секое големо првенство, Англичаните се соочуваат со страшен притисок зошто од нив се очекува секогаш да освојуваат трофеи (во целокупната историја Англија дури во 2021-ва година првпат се пласираше во финале на Европско првенство).

Секој селектор на Англија пробувал да ги ослободи играчите од стрес но ретко кој имал успех. Капело воведе строга дисциплина, а Саутгејт сега ги ослободува да уживаат во слободно време и да јаваат еднорози во базен.

Психолозите во Британија сметаат дека селекторот моќно го развил својот емотивен карактер и има емпатија за другите.

„Он е надарен со редок дар - емотивна интелегенција. Според зборовите на психологот Мајкл Колфилд, стилот на раководење на Саутгејт е построен на неверојатна доверба меѓу него и играчите и стручниот штаб. Тој не само што им се доверува на своите играчи туку е и правичен, урамнотежен и бара од нив да земаат одговорност“, вели колумнистот на The Guardian, Џон Грејс. 

ПЕНАЛОТ КОЈ ГО СОНУВА

Англија на домашното Европско првенство 1996-та беше во силен налет. Пред своја публика, милиони Англичани беа сигурни дека пехарот нема каде да бега. Со Ширер и Гаскоњ во нападот „Гордиот Албион“ одигра одлична групна фаза (2-1-0 со 7 дадени голови а примени само 2).

Англичаните стигнаа до полуфиналето каде се судрија со Германија. Ширер отвори уште во 3’ минута за огромно славје на 75.800 навивачи на Вембли, а Кунтц израмни во 16’ минута.

До крајот од мечот немаше нови голови па после продолженија се отиде на пенали. Таму дури 11 пенали беа прецизно изведени и последниот топката ја местеше јунакот на оваа приказна. Промаши кобен пенал и Англија испадна од Германија.

Сега во недела од 21 часот ќе биде пред најголемиот испит во животот - финале на Европско првенство против Италија. Цела нација од него чека да го донесат пехарот кој никогаш Англија не го освоила ниту имала прилика за него да се бори.