На „Вембли“ ќе има 60.000 ама без многу Данци, Шпанци и Италијанци

На 22 јуни се обелодени дека британската влада ќе допушти 60.000 гледачи за полуфиналните дуели (6 и 7 јули) и финалето на Евро 2020 (11 јули). Но меѓу нив практично ќе нема гости од Данска, Италија и Шпанија.

Проблемот кој последен го нагласи селекторот на Данска а кој е поврзан со тоа навивачите на оваа селекција да не можат во голем број да допатуваат во Лондон е поврзан со задолжителниот 10-дневен карантин кој ќе мора да го помине секој што доаѓа од овие и други земји.

Во УЕФА не се многу задоволни од таквата одлука на британската влада (едно време се шпекулираше дека би можеле полуфиналето и финалеот да ги префрлат во Будимпешта каде што крцаше гледачи од цела Европа).

На крајот УЕФА во договор со домаќинот решиле да дозволат само по 2.500 ВИП влезници за гостите од земјите полуфиналисти.

НЕ ПОМАГА ВАКЦИНАЦИЈА НИ НЕГАТИВЕН ТЕСТ

На „Вембли“ ќе пуштат околу 60-65.000 гледачи (75% од вкупниот капацитет) но нема сите од нив да бидат жители на Велика Британија.

Според планот на организаторот за да се влезе на „Вембли“ на почеток на Европското во групна фаза доволен бил сертификат за вакцинација, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

Сега правилата се поострени па секој што ќе пристигне во Англија ќе мора да престојува 10 дена во карантин.

Тоа значи дека бројни дански, шпански и италијански навивачи кои ќе одат во Лондон нема да успеат на време да отседнат во карантин а и нема логика да допатуваат и 10 дена да бидат затворени.

За ВИП гостите од овие земји ништо не е сменето - за нив ќе има одделени „балони“ каде нема да смеат да контактираат со надворешниот свет.

УЕФА реши да остане на првичниот план полуфиналето и финалето да се играат на „Вембли“ кој е втор стадион по големина во Европа, на него се играа многу големи финалиња (ЛШ 2011 и 2013 и е во план 2024).

75% од вкупниот капацитет на „Вембли“ ќе значи и повеќе приходи од продадени влезници отколку во Будимпешта зошто картите во Лондон се поскапи за Европското. Во Велика Британија живеат најмногу странски граѓани од сите земји учесници на Европското 2020 што значи дека е идеално место за решавачките натпревари.

ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ИМА НОВ ЈАК БРАН НА КОВИД, НО ВО УЕФА ВЕЛАТ ДЕКА Е НОРМАЛНО

Организација на полуфиналиња и финале во Лондон предизвика многу критики. Не се зборува само за потешкотитте на странските навивачи туку и за одлуката натпреварите да се играат при полни трибини.

Во четвртокот британското Министерство за здравство регистрирало 27.989 нови случаи што е најмногу уште од пикот од јануари годинава. Според податоци од Британската медицинска асоцијација, бројот на случаи во Англија пораснал за 74% во споредба со претходните седум дена.