Најатрактивната содржина од средбата се случи во првите 30 минути во кои на семафорот стоеше 4:0 и тоа практично беше крај за надежите на гостинот дека може да се надева на сензација во Скопје.
Македонија силно го притисна Гибралтар и во првите 45 минути имаше 65% посед на топка и 15 удари од кои четири завршија во гол.
Селекторот Благоја Милевски очекувано направи голема ротација во турбо јунскиот распоред од четири меча за десет дена и направи седуммина измени во стартниот состав за разлика од претходниот меч.
Тоа беа голманот Дамјан Шишковски, целосното новата одбрана составена од Тодороски, Зајков, Серафимов и Ристевски, во среден ред почна Николов место Спировски, а на местото на Милан Ристовски во напад шанса доби Бојан Миовски.
На стартот од вториот дел направи три измени, а тоа се Валон Етеми, Бојан Димовски и Енис Фазлагиќ кои дебитираа во националниот тим, исто како и дебитантот Томче Гроздановски кој влезе на 10 минути до крај.
Публиката на Градски уживаше по само 4 минути игра кога Енис Барди покажа зошто е препознатлив по мајсториите кои ги изведува од слободен удар.
Потоа Миовски во рок од две минути во 14 и 16 минута постигна два гол, а конечните 4:0 ги постави Дарко Чурлинов во 31-ва минута.
Грузија не успеа да слави дома против Бугарија и одигра само 0:0 и сега предноста од 5 бода пред Македонија падна на 3. За пласман на прво место, нашите фудбалерите во последните две гола мора да ја победат дома Бугарија и на гости Грузија, но да бркаат и подобра гол разлика од Грузијците.
Последните две гола кола се закажани за 23 и 26 септември.