Како се наближува историското деби на Европско првенство, така репрезентацијата на Македонија собира се повеќе симпатии. Последна во низа беше изјавата на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин кој рече дека во отсуство на неговата земја, неговите симпатии одат за Македонија.
Нема ден а да не се појави интервју или изјава од нашите фудбалери, во прв ред со капитенот Пандев. Македонија е привлечна за странските медиуми како селекција која до неодамна ја урна големата Германија, а на ЕВРО2020 оди како најслабо рангирана селекција таму.
Пандев има 37 години а на 27 јули ќе полни 38 (генерација 1983).
Повозрасни од него на Европскиот шампионат ќе бидат само Мартин Стекеленбург (роден на 22 септември 1982) холандскиот резервен голман кој стана ветеран бранејќи за Ајакс, Рома, Фулам, Монако, Саутемптон, Евертон и Ајакс. За Холандија има 58 настапи а на Европското летово ќе биде трет голман, повеќе за тренинг, после Јаспер Силесен и Тим Крул.
Шкотланѓанецот Крег Дејвид кој исто е резервен голман е роден на 31 декември 1982, а Португалецот Пепе роден на 26 февруари 1983, неколку месеци повозрасен е од Пандев. Што се однесува до најмладите кои ќе настапат на Евро2020, тоа ќе бидат најверојатно: Фил Фоден (Англија, 21 година), Кај Хаверц (Германија, 21 година), Жоао Феликс (Португалија, 21 година).