Македонската фудбалска репрезентација на полувреме има комфорно водство од 0-2. По фантастичниот продор на Ашковски кога Алекс Трајковски реализираше за водство во 22’ минута, Енис Барди на асистенција на Елиф Елмас со снајперски прецизен шут стрелаше за 0-2 во 36’ минута.