Македонија на 13 јуни од 18:00 часот ќе отвори против Австрија. Четири дена подоцна, на 17 јуни од 15:00 часот играме против Украина а на 21 јуни од 18:00 часот во Амстердам ќе се сретнеме со домашната Холандија.
УЕФА го одреди и наградниот фонд за турнирот, па така секоја победа на Македонија би ѝ донела 1 милиони евра. Нерешениот резултат носи 500.000 евра, а во случај на пласман во следна фаза (да се помине група), Македонија би добила дополнителни 1,5 милиони евра.
Претходно, со самото учество на Европско, касата на Фудбалската федерација на Македонија се збогати за 9,25 милиони евра!
Овој награден фонд за Евро2020 е помал од оној во 2016-та кога Европското се играше во Франција. Тогаш триумф во група носеше дури 1,5 милиони евра, нерешено 750.000 евра, а европскиот шампион заработи дури 10 милиони евра што е за цели два милиони повеќе од годинава.