Таг: фудбалска федерација на македонија

Колку пари може да заработи Македонија на Европско првенство?

Покрај радоста и гордоста што им ги приредија на цел народ, најдобрите македонски фудбалери би можеле и добро да заработат на Евро2020. Одредени се бонуси за добрите резултати во групата.

Пред историско Европско првенство ФФМ нема дресови во фан шоп

На само неколку дена до стартот на најголемиот спортски настан годинава во Европа, во официјалната продавница на Фудбалската федерација на Македонија нема на залиха дресови за продажба.

Првиот човек на ФФМ сака да ни каже нешто

Самоволието на тоталниот анонимус кој од нигде никаде стана претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува. Овојпат од Тетово.

Дизајнерски изум на ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија на својата Фејсбук страница се пофали со новиот брендиран автобус кој ќе ја превезува репрзентацијата. На автобусот го има слоганот „Сега е наше време“, а има и лого на рис кој веќе го има на друго место, речиси идентичен, така што оддава впечаток дека идејата е неетички преземена.

Македонија најверојатно на Европско ќе игра пред 12.000 гледачи

Романските власти го прифатиле предлогот на локалната структура за организација на Евро 2020 - на натпреварите кои ќе се играат во Букурешт, а каде игра и Македонија, да има 25% од капацитетот на огромната Арена.

Што се случува на релација ФФМ - селектор?

Најголемиот успех во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал со пласман на Евро 2020, некако го расипуваат шпекулациите околу новиот договор на човекот кој ја однесе Македонија на прв континентален собир.

Македонските фудбалери убаво се освежија со заслужени премии

Фудбалската федерација на Македонија одлучи фудбалерите и стручниот штаб кои обезбедија историски пласман на Европско првенство следното лето, да добијат рекордна премија, најголема во историјата на македонскиот спорт.

Мрме, да видиш Луис Енрике како го претстави составот

Во пресрет на пријателскиот меч на Шпанија со Велс, шпанскиот селектор Луис Енрике го објави списокот на повикани играчи на занимлив начин. Па ете идеја за нашиот селектор Игор Ангеловски понекогаш да си поигра со објавување на репрезентативниот список.

ФФМ ли е, јулски оперски вечери ли се?

Најпријатна вест деновиве е трансферот на големиот фудбалски талент Ељиф Елмас во гигантот Фенербахче. Тоа ги инспирираше луѓето кои ја водат Фејсбук страницата на Фудбалската федерација на Македонија да го испратат бисерот со песна на далечен пат.

Фудбалска Македонија останува закована на 162. место

Дали човек да се смее, дали да плаче? Еден Свазиленд за кој требаат надчовечки напори да се најде на карта е далеку пред нас на фудбалската ранг листа на ФИФА.

Панчев, Шаќири и легендите се собраа за промени

Иницијативниот одбор на „Обединети за фудбалот", групацијата составена од повеќе поранешни фудбалери, судии и тренери денеска начелно ја соопшти суштината на нивниот собир.

Пукна срам во Цирих, Илчо го изначека Инфантино

Отако завршија изборите и Швајцарецот Џани Инфантино стана нов претседател на ФИФА, првиот човек на македонскиот фудбал Илчо Ѓорѓиоски буквално се изначека да му честита, додека овој како да не го позна и неколку минути стоеше покрај него со раката во воздух.

Судиска лакрдија во Кратово

Играа Силекс и Работнички, реванш натпревар од Купот на Македонија, а средбата ја одбележи комичниот момент кога судијата Фатон Мустафи досуди пенал за Кратовци. Тргна кон тој што го направи фаулот, но кога се сетил дека тој веќе има еден картон, му даде жолт на сосема трет играч.

Друловиќ би го вратил Пандев

Македонската фудбалска репрезентација денес и официјално го доби новиот селектор, Љубинко Друловиќ. Помошници ќе му бидат Португалецот Виктор Луиз, Виктор Треневски и тренерот на Работнички, Игор Ангелевски.

Кој е Љубинко Друловиќ?

Ништо од сензацијата Џанфранко Ѕола или кандидатите Милован Рајевац и Љубисав Пенев. Македонската фудбалска репрезентација ќе ја води петкратниот првак со Порто, кој има богата играчка кариера во Португалија и скромно тренерско искуство.