Мрме, да видиш Луис Енрике како го претстави составот

Во пресрет на пријателскиот меч на Шпанија со Велс, шпанскиот селектор Луис Енрике го објави списокот на повикани играчи на занимлив начин. Па ете идеја за нашиот селектор Игор Ангеловски понекогаш да си поигра со објавување на репрезентативниот список.

Голмани: Давид Де Хеа (Манчестер Јунајтед), Кепа Арисабалага (Челси), Пау Лопез (Бетис);

Одбрана: Марк Бартра (Бетис), Сезар Аспиликуета, Маркос Алонсо (двајцата од Челси), Раул Албиол (Наполи), Начо Фернандез, Серхио Рамос (двајцата од Реал), Хони Кастро (Вулверхемптон), Хозе Гаја (Валенсија);

Среден ред: Серџи Бускетц (Барселона), Коке, Саул Нигез, Родри Ернандез (сите од Атлетико Мадрид), Тиаго Алкантара (Баерн Минхен), Даниел Себаљос, Марко Асенсио (двајцата од Реал);

Напад: Пако Алкасер (Борусија Дортмунд), Алваро Мората (Челси), Јаго Аспас (Селта), Родриго (Валенсија).

Шпанците на 11 октомври играат со Велс пријателска, а на 15 октомври против Англија дома во Лига на нации.