Со само 12 одиграни натпревари од последната ранг листа на ФИФА за 2016-та, работите во фудбалскиот свет не се сменија на големо. Македонија и натаму на дното.
Од противниците во нашата група за Светско, полошо рангиран е само Лихтенштајн кој е 188-ми и не заостанува бајаги зад нас. Шпанија е десетта, Италија 18-та, Албанија 51-ва, Израел на 55. позиција. Пред нас се Аруба, Мјанмар, Танзанија, Тахити, Маурициус, Туркменистан, Бурунди, Таџикистан, Суринам, Никарагва...
Првите 34 позиции на ранг листата на ФИФА остануваат непроменети: Аргентина е прва, втор е Бразил, трета е Германија. Во првите 10 се уште и: Чиле, Белгија, Колумбија, Франција, Португалија, Уругвај и Шпанија која изненадувачки е десетта.
Нашите фудбалери ќе имаат шанса да ја подобрат позицијата по следниот натпревар од квалификациите за Мундијалот 2018 против Лихтенштајн на гости на 24. март (20:45).
На 11. јуни ја пречекуваме велесилата Шпанија во Скопје, на 2. септември играме против Израел на гости, па следува домашен дуел со Албанија на 5. септември, гостување во Италија на 6. октомври и за крај на циклусот дома против Лихтенштајн на 9. октомври.