Јако е да се храниш здраво и доследно да ги следиш сите важечки прописи за храната, убеден дека тие се темелат на науката и најновите сознанија на таа тема. И онда еден убав ден, надлежните ќе решат да ти ја сменат дефиницијата за тоа што е здраво и ќе ги променат критериумите по кои цел живот си се водел додека си бирал производи во маркет.
Ок, целиот скеч е пародија, ама може да пројде само затоа што целата индустрија за супер-лековити-магично-здрави јадења е смешка (што заработува милијарди долари годишно).
Скоро сите се одвратни, и (без скоро) сите до еден не се магични како што ги продаваат, ама тоа никогаш до сега никого не пишманило. Исклучок од ова е последниот, кој во нормални количини, излезе дека стварно има магични својства.
Заради општата параноја-френдли клима во која живееме и медиумски индуцираниот страв од сешто, "здравата храна" е една од оние теми кои веднаш привлекува интерес. Истовремено, темата е многу податлива за шано-мано и тоа не само во земја во која две надлежни институции со недели не можат да се согласат дали има или нема листерија. Да видите само како и експертска Европа лесно паѓа на оваа финта.